• Објавено на декември 9, 2018

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА !!! Соопштение за продолжување на Анекс договорите за 2019 г.

Соопштение за продолжување на Анекс договорите за 2019 година

Почитувани,

По договорот со ФЗОМ на 05.12.2018 година дека за наредните 6(шест) месеци ќе се потпишуваат анекси на веќе постоечки договори поради неприфатливоста на понудените нови договори  , Фондот на 07.12.2018 излезе со  уште едно некоректно соопштение дека СИТЕ  ПЗУ-а  мора да имаат  сертификати/токени најдоцна до 15.12.2018 како предуслов за поднесување на барање  за продолжувањето на анекс/договорите.

 Комората веднаш ќе превземе мерки во рамки на своите можности да му наметне на ФЗОМ дека рокот до 15.12.2018 година кој ФЗОМ сака да го наметне е апсолутно неприфатлив бидејќи за набавката , инсталација и активација на сертификатот  е потребно време кое со овој рок  ќе прекратко за сите 1000-1500 приватни здравствени установи и поради тоа анексите  да може да се потпишуваат освен електронски и на хартија и да не мора да важи обврската за набавка на сертификати се до моментот на потпишување на идните договори воо тек на 2019 година .

 

ВАЖНО !!!

Соопштението од ФЗОМ  кое ФЗОМ го испрати до сите Комори кое ја содржи информацијата , но и деталното упатство  за предуслови  за непречено одвивање на процесот на поднесување  на барањето и продолжување на договорите/анексите.

Во проожение превземето го соопштението од ФЗОМ од 07.12.2018 година (види овде)

 

Со почит,

Стоматолошка комора на Македонија

Јавете се

+389 2 3246 852

Порака

skm@skm.mk

Посетете не

ул. Антон Попов бр.1-4/5, Скопје

Банка

Комерцијална Банка 300000000477179

X