• skm@skm.mk
  • Пон - Пет 8-16 ; Прием на странки од 10-15
  • Објавено на мај 3, 2019

Успешно претставување на Стоматолошка комора на Македонија

Успешно претставување на Стоматолошка комора на Македонија,

во Тирана на 7-от Форум за  цивилното општество на Западена Балкан

 

Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК), кој ги претставува економските и социјалните компоненти на организираното граѓанско општество во Европската унија (ЕУ), го одржа својот седми форум за граѓанско општество на Западен Балкан, во Тирана ,од 15-16.04.2019,  со поддршка на Европската комисија и Советот за регионална соработка.

Д-р Маријан Денковски , како единствен ппредставник од здравствените комори на Западен Балкан беше поканет презентер  од страна на Европската Комисија за економија и социјала (EESC -European Economic anf Social Committee) и одржa презентација на панел дискусијата на 7-от Форум за  цивилното општество на Западена Балкан ( 7th WESTERN BALKANS CIVIL SOCIETY FORUM )  за значењето на стоматологијата како либерална професија во нашата држава и Западен Балкан , но и за соработката помеѓу  стоматолошките Комори во Западен Балкан .

На Форумот беа дискутирани теми за проценка и перспективи за односите помеѓу ЕУ и Западен Балкан, состојбата и улогата  на либералните професии и значењето на коморското здружување и нивно регионално поврзување ,улогата на социјалните партнери и организациите на граѓанското општество во унапредувањето на регионалната соработка , социјалниот дијалог и овозможувањето граѓански простор во Западен Балкан и др.

Во финалната декларација усвоена на 17 април 2019 година, учесниците ја изразија својата доверба дека проширувањето на ЕУ, а особено ширењето на нејзините демократски вредности и правни стандарди за Западен Балкан  е во интерес и на регионот и на ЕУ.

(ГАЛЕРИЈА)

 

Јавете се

+389 2 3246 852

Порака

skm@skm.mk

Посетете не

ул. Антон Попов бр.1-4/5, Скопје

Банка

Комерцијална Банка 300000000477179

X