• skm@skm.mk
  • Пон - Пет 8-16 ; Прием на странки од 10-15
  • Објавено на јуни 13, 2019

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА АНЕКСИ НА ДОГОВОРИТЕ СО ФЗОСМ

 

 

 

 

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

По завршување на разговорите и преговорите на претставници на Стоматолошката комора на Македонија со раководниот тим и правниот сектор на ФЗОРСМ, во кои учествуваа претставници и на општи (матични) доктори на стоматологија и на специјалисти од специјалистичко консултативна стоматолошка здравствена заштита,  Ве известуваме дека:

1. Постигнат е договор дека понудените  договори за следните пет (5) години  од страна на ФЗОРСМ,  не се прифатливи за СКМ, но и дека се добра основа за понатамошни преговори и разговори кои ќе започнат веднаш и кои нема да се одлагаат (и за што ФЗО ја прифати одговорноста)  до период кога пак нема да може да се постигне согласност за која сите страни се залагаат.

2.Постигнат е договор дека од 31.06.2019 ќе се потпишуваат Анекси на постоечките договор на период од шест ( 6 ) месеци, односно до 31.12.2019 година

3.Постигнат е договор за дополнување на претходните анекси, со нови квалитативни измени во делот за договорните казни, и тоа :

– сите договорни казни за повреди кои беа со санкција од три (3) месечни капитации за примарна или три (3) месечни надоместоци за специјалистичка стоматологија се заменуваат со една (1) месечна капитација, односно надоместок,  додека каде што беше предвидено една четвртина од фиксен дел на капитација, се преминува на една петина  од фиксен дел на капитација /надоместок.

-значителен дел од можните повреди за кои беа предвидени договорни казни  за повреди од досегашните договори се комплетно исфрлени ( на пр. точките 3 и 4 од член 25 )  или префрлени во група на повреди со помала договорна казна или во група  со опомена.

Во прилог ги објавуваме и новите Анекси  на договори  кои по усогласување со Комората се усвоени на Управниот Одбор на ФЗОРСМ , на седница на 12.06.2019 година.

АНЕКС НА ДОГОВОР за обезбедување и плаќање на здравствени услуги во примарна стоматолошка здравствена заштита
АНЕКС НА ДОГОВОР за пружање и плаќање здравствени услуги во специјалистичко-консултативната стоматолошка здравствена заштита
Јавете се

+389 2 3246 852

Порака

skm@skm.mk

Посетете не

ул. Антон Попов бр.1-4/5, Скопје

Банка

Комерцијална Банка 300000000477179

X