• Објавено на март 11, 2019

Обнова на лиценца

Докторите на стоматологија (членовите на Стоматолошката комора) кои се стекнале со лиценца за работа своите работни дозволи имаат законска обврска да ги обновуваат на седум години.

Обновувањето на работните лиценци се прави согласно член 129 од Законот за здравствена заштита и Правилникот за начинот на издавање, продолжување, обновување и одземање на лиценцата за работа и формата и содржината за образците за лиценцата за работа на здравствениот работник со високо образование од областа на стоматологијата.

Процедурата што треба да ја спроведат дипломираните стоматолози кои се стекнале со лиценца за работа е:

-докторот стоматолог поднесува Барање за обновување на лиценцата и пополнува Формулар за прием на документи за обнова на лиценца.

3) шест месеци пред истекот на последната година од периодот на важење на лиценцата и кон барањето приложува:

-Доказ дека во периодот на важност на лиценцата за работа се стекнал со соодветен број бодови (сертификати-фотокопии со име и презиме напишани и баркодовите да се фотокопираат ако се залепени на задната страна на сертификатот; Оригиналите се даваат на увид при доставување на документитите).

 

-За здравствен работник со високо образование од областа на стоматологијата, на негово барање, во најмалку 60% од времето на важноста на лиценцата за работа може да се смета времето за работа во стоматолошка здравствена заштита.

Како доказ се доставува Листа од АВРМ на преглед пријави и одјави од задолжително социјално осигурување.

 

-Доказ за уплатени членарини.

-Копија од лична карта и согласност за копирање на личната карта

-Копија од важечката лиценца за работа

-Копија од уплатата со износ од 3.200.00 ден за обновување на лиценцата доколку сите услови се исполнети

Симни документ
Јавете се

+389 2 3246 852

Порака

skm@skm.mk

Посетете не

ул. Антон Попов бр.1-4/5, Скопје

Банка

Комерцијална Банка 300000000477179

X