• skm@skm.mk
  • Пон - Пет 8-16 ; Прием на странки од 10-15
  • Објавено на март 12, 2020

ДОПОЛНИТЕЛНИ УПАТСТВА  ЗА ОРДИНАЦИИ

*Најмалку три до пет пати на ден, чистете ги најчестите допирни места во просторијата, како што се: рачки на вратите, рачки за прозорци, чешми во ординација и тоалети, копчиња за палење на светло, далечински управувачи, прекинувачи за напојување, лифтови, и други површини што ги користат поголем број на лица.

*Средствата за дезинфекција кои ќе ги употребувате задолжително треба да поседуваат антивирусно дејство со назначена потполно вируиден ефект ( многу од нив се и со анти Корона вирус дејство)  базиран на алкохол за брза дезинфекцијаи чистење на неинвазивни медицински уреди при што е потребно да се почитува и наведеното време на изложеност.

*Колку е можно почесто исчистете ги сите површини кои се допират: работни површини, мобилните телефони и други телефони, ПОС уреди, тастатури, конзоли итн

*Покријте ги површините што почесто се користат од поголем број луѓе, како што е ПОС терминал, тастатура итн. со заштитна фолија што може да се чисти повеќе пати неколку пати на ден.  Алтернативно, можете исто така да обезбедите марамчиња за еднократна употреба и пред да ги допрете овие уреди за да ги покриете.

*Обезбедете околина без чад.

*На јавни места каде што луѓето се помалку способни да ги мијат рацете редовно, поставете алохолен дезинфециенс ( над 70% алкохол) со распрскувач

*Обезбедете топла проточна вода и сапун, како и хартиени крпи за еднократна употреба, за миење раце во тоалети.

*Употребувајте компреси за еднократнаупотреба.

*Исфрлете ги крпите од употреба или менувајте ги постојано.

*Поставете корпите за отапдоци со капаци

*Обезбедете  безбедно отстранување на користени хартиени крпи и друг отпад во ординацијата, тоалетот и други простории.

*Отстранете ги сите списанија и брошури за рекламирање од чекалната и во заедничките простории.

*Користете телефони, видео конференции и Интернет за да работите што е можно повеќе од далеку наместо да се сретнувате и изложувате на директен контакт.

*Кога состаноците се неопходни и итни,како и при разговор со Вашите пациенти  организирајте ги во што е можно поголема просторија и оставете доволно простор (најмалку 1-2 м) помеѓу поединците.

*Избегнувајте ракување и држете  растојание од најмалку 1m кога зборувате.

*Редовно и барем три-четири пати на ден, проветрувајте ги сите простории.

*Примајте ги само итните пациенти со задолжително земена коплетна анамнеза.

*Обезбедете оптимални услови за работа со пациентот имајќи во предвид пред се на Вас , Вашиот персонал  и пациентите.

*Пациентите закажувајте ги со подолго време помеѓу нив за да може оптимално да се исчисти работното место и просторот околу него.

*Доколку располагате со бактерицидна лампа за дезинфекција на просторот вклучувајте ја најмалку два до три пати на ден.

И

*Обезбедете што поефикасна обработка на инструменти (вклучително и на огледалца и насадни инструменти)

Почитувајте ги насоките кои СЗО и  Министерство за здравство на Република Северна Македонија  ги даваат секојдневно .

*Избегнувајте патувања што не се неопходни, особено во погодените области.

*Овозможете му на секој со респираторни симптоми (кашлица, кивање, треска, останување без здив) да остане дома.

 

 

Корисни линкови:

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

http://www.cph.mk/

Јавете се

+389 2 3246 852

Порака

skm@skm.mk

Посетете не

ул. Балзакова бр. 32, Скопје

Банка

Комерцијална Банка 300000000477179

X