• skm@skm.mk
  • Пон - Пет 8-16 ; Прием на странки од 10-15
  • Објавено на април 22, 2021

Известување за ТЕКОТ НА ВАКЦИНАЦИЈА – НАЈНОВИ НАСОКИ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

Почитувани,

Ве известуваме дека по испраќањето на списоците за вакцинација на стоматолошките тимови во Министерството за здравство во текот на вчерашниот ден – 21.04.2021, во 22:56 часот пристигна e-mail порака од Жаклина Чагоровска, советник при Управа за електронско здравство, во кое не информира да ве известиме дека сите заинтересирани за вакцинација против Covid-19 треба да се пријават преку на веб страната https://vakcinacija.mk/.

Ова известување се однесува на:

 

  • Доктори на стоматологија и стоматолошки асистенти кои се пријавиле за вакцинација преку СКМ и чии имиња беа објавени на www.skm.mk на 16.04.2021,

 

  • Доктори на стоматологија и стоматолошки асистенти коишто до сега не се пријавиле преку СКМ, но се заинтересирани за вакцинација во иднина

 

Доколку има било какви промени во ставот по однос на вакцинацијата против Cоvid-19, ќе бидете навремено известени.

 

Со почит,

Стоматолошка комора на Македонија

Јавете се

+389 2 3246 852

Порака

skm@skm.mk

Посетете не

ул. Балзакова бр. 32, Скопје

Банка

Комерцијална Банка 300000000477179

X