• skm@skm.mk
  • Пон - Пет 8-16 ; Прием на странки од 10-15
  • Објавено на декември 24, 2020

ИЗВЕСТУВАЊЕ за членови на испитна комисија за полагање на стручен испит

ПРИЈАВА за членови на испитна комисија за полагање на стручен испит

 

Согласно Правилникот за составот на испитната комисија, начинот на полагање на стручниот испит, начинот на проверката на стручните знаења и вештини и обрасците на уверението за положен стручен испит на здравствените работници со високо образование од областа на стоматологијата (Сл.весник на РСМ бр. 148/20), полагањето на стручниот испит го спроведува Стоматолошката комора на Македонија, пред испитна комисија составена од пет члена. Претседател на испитна комисија може да биде доктор на науки од областа на стоматологијата, со најмалку пет години работно искуство од денот на стекнувањето на звањето доктор на стоматолошки науки.

Членови на испитна комисија може да бидат доктори на науки од областа на стоматологијата, со најмалку три години работно искуство од денот на стекнувањето на звањето доктор на стоматолошки науки.

Претседателот и членовите на испитната комисија треба да се и членови на Комората и да се вработени во акредитирана високообразовна установа.

Сите членови на Стоматолошката комора на Македонија кои ги исполнуваат условите предвидени во Правилникот за стручен испит, до 15.12.2020 г., по електронски пат ќе добијат Пријава за член на испитна комисија за стручен испит, која треба да ја пополнат и да ја пратат на е-маил најдоцна до 15.01.2021 година. За сите дополнителни прашања, може да се обратите на вработените во Стручната служба на Комората (или на Раководителот на Секторот државни испити и обуки – Флорентина Кајоли, на маил florentina@skm.mk или на моб. 075 208 971).

Списокот на испитувачи ќе се ажурира на секои 6 месеци.

Подносителот на Пријавата е должен за секоја промена на податоците внесени во Пријавата да ја извести Стоматолошката комора на Македонија во најкраток можен рок.

ЛИНК до ПРИЈАВАТА

 

Јавете се

+389 2 3246 852

Порака

skm@skm.mk

Посетете не

ул. Антон Попов бр.1-4/5, Скопје

Банка

Комерцијална Банка 300000000477179

X