• skm@skm.mk
  • Пон - Пет 8-16 ; Прием на странки од 10-15
  • Објавено на март 10, 2020

Информации и насоки по однос на вирозата со COVID19

Драги колешки и колеги,

Ние, докторите на стоматологија, работејќи ја нашата работа која е од јавен интерес, во моментот сме една од најранливите професии.

Стоматолошка комора на Македонија ќе се обиде во следниот период да споделува што е можно повеќе и што е можно поверодостојни информации, поврзани со Вашето живеење и работење во услови на се позначително ширење на корона вирусот COVID 19 и ќе се обиде да објавува материјали од светски признаени експерти (на пр. James Robb), водичи за однесување како во секојдневниот живот така и во идното секојдневно работење во Вашите ординации.

Од гледна точка на пандемија, што покренува повеќе прашања отколку дадени одговори:

  1. Според последните податоци, веројатноста за зарази од контакт со носител на вируси е околу 1%.
  2. Проценето време за носителите на вируси да го пренесат во животната средина (да бидат опасни за другите) е во просек од околу 12-14 дена.
  3. Низ целиот свет, до вчера (3 март), според СЗО, има околу 100.000 заразени и околу 3.000 смртни случаи, со што стапката на смртност е околу 3%, но со оглед на проценетиот асимптоматски број на смртни случаи на сите кои се заразени се проценува дека се околу 1% (податоците сè уште се нецелосни и затоа не се сосема сигурни).4. CoV-19 е помалку патоген (агресивен) од претходните избувнувања на САРС и МЕРС во изминатата деценија, но тоа што го прави понеконтролиран е фактот дека повеќето од заразените се асимптоматски и ја пренесуваат инфекцијата без да знаат дека се заразени, држејќи се настрана од мерките за превенција.
    5. Најопасни, од епидемиолошка гледна точка, се медицинските установи каде што се примаат пациенти со симптоми слични на грип, затоа што постои емпириски докажана скала на ширење на инфекцијата.
    6. Сè уште нема дефинитивни одговори на најважните прашања поставени од која било вирусна епидемија: каков е обликот на епидемиолошката пирамида, кој дел од заразените лица се разболува, кој дел од пациентите бараат лекарска помош?
    7. Се прават големи напори ширум светот за да се разбере молекуларната и клиничката вирологија на овој вирус.

Во однос на мерките за спречување на инфекција:

  1. Без ракување!
  2. Отворајте ги вратите со лакт или на друг начин, а не со дланката. Ова е особено важно за јавни и комерцијални места.
  3. Носете латекс ракавици за еднократна употреба кога доаѓате во контакт со загадени места. Ако недостасувате раквици, користете марамчиња за дезинфекција.
  4. Кога доаѓате дома или во ординација, а сте биле пред тоа во контакт со многу луѓе, измијте ги рацете со сапун 10-20 секунди и/или користете повеќе од 60% дезинфециенс, заснован врз база на алкохол.
  5. Едноставни хируршки маски за еднократна употреба се користат за да ве спречат да го допрете носот и/или устата (ние го допираме нашиот нос/уста околу 90 пати на ден, без да сфаќаме). Маската нема да го спречи вирусот да влезе во носот или устата при директното кивање – тоа е пред се и само за да Ве спречи да го допрете носот или устата.
  6. Прашајте ги лекарите за употреба на таблети што содржат цинк. Овие таблети се покажаа како ефикасни во блокирање на коронавирусот (и повеќето други вируси).

 

Почитувани колешки и колеги!

  1. На стоматолозите им советуваме да продолжат со скрининг на сите пациенти прашувајќи ги за нивните неодамнешни патувања на какви било локации потврдени од Центрите за контрола на болести и превенција кои  имаат потврдени случаи на COVID- 19 познат и како нов коронавирус, кој прв пат се појави во декември 2019 година во Вухан, Кина.
  2. Секое патување завршено помеѓу Декември 2019 и денешен ден се смета за неодамнешно патување.

Како дел од скринингот, стоматолозите треба да ја имаат информацијата кога пациентот се вратил во Република Северна Македонија.

  1. Стоматолозите треба да го проверуваат списокот секој ден сè додека Министерство за здравство не објави дека скринингот не е повеќе неопходен.
  2. Доколку пациентот пријави дека патувал во суспектни регии, но поминале најмалку две недели од нивното враќање и не се појавиле никакви симптоми, стоматолошката амбуланта или клиника може да продолжи со закажаната стоматолошка продцедура, но доколку пациентот има некој од симптомите тогаш е неопходно  да се упати во соодветна институција за подетална анализа.
  3. Стоматолозите исто така треба да ги советуваат пациентите кои се соочуваат со акутни респираторни заболувања, вклучително и симптоми на треска, кашлица или покачена телесна температура, да останат дома и да закажат прегледи во моментот кога ќе ги снема сите овие симптоми.
  4. COVID- 19 се пренесува преку близок контакт со заразено лице. Секој од нас може да го спречи ширење на вирусот практикувајќи добра хигиена на рацете (миење на рацете, употреба на средства за дезинфекција на рацете), избегнувајќи допирање на лицето со неизмиени раце, избегнување на близок контакт со болни лица и останување настрана од други лица додека се болни.

 

Поради се поголемиот број заболени лица од корона вирусот Стоматолошка комора на Македонија, ги предлага следните препораки за заштита на докторите, медицинскиот персонал и пациентите и спречување на ширењето на вирусот:

  1. При прием и закажување на пациентите, земете кратка анамнеза дали пациентите имаат некакви симптоми на настинка и дали биле во подрачје каде го има вирусот или дали биле во контакт со болни.

Доколку има такви индиции и сличајот не е итен, одложете ја посетата додека не се повлечат сите симптоми или додека не поминат 14 дена од патувањето во ризично подрачје

Анамнестички прашалник кој Вие самите може да го надополнувате и надградувате би бил во следната форма:

 

 

 

 

 

 

(симни овде)

  1. Доколку имате ординации со повеќе од еден стол во просторијата потрудете се да се прима само по еден пациент, за да се намали можноста од пренос на вирусот помеѓу пациентите.
  2. Во чекалната оддалечете ги столовите на максимално можно растојание.
  3. Редовно проветрувајте ги просториите.
  4. Носете заштитни маски и ракавици за еднократна употреба, при што истите се задолжителни и за асистентите и сите вработени кои доаѓаат во контакт со пациентите.
  5. Површините редовно дезинфектирајте ги со средства за дезинфекција на база на алкохол.
  6. Ординациите кои поседуваат ултравиолетови ламби за дезинфекција треба да ги вклучуваат најмалку 2 пати во денот.
  7. Рацете да се мијат после секој пациент со сапун најмалку 20 секунди и со  средства за дезинфекција на раце на база на алкохол.
  8. Не го допирајте лицето, устата или другите слузокожи доколку не ви се измиени и дезинфицирани рацете

 

Доколку треба да се интервенира на сомнителен пациент со респираторни симтоми и интервенцијата не може да се одложи, следете ја следната процедура:

 

  1. Во ординацијата да биде присутен само најнеопходниот персонал.
  2. Да нема други пациенти.
  3. Место маски да се користат респираторатори кои можат да се набават во некои аптеки.
  4. Да се носат заштитни очила или штитници за лице.
  5. Освен униформа да се носат и заштитни мантили за еднократна употреба.
  6. Да се носат два пара ракавици.
  7. По завршената интервенција се вади најпрвин едниот пар ракавици, се вади заштитниот мантил и очилата, вториот пар ракавици се дезинфицира со средство за дезинфекција на раце и потоа се вадат и заедно со сите средства за еднократна употреба се завиткуваат и се исфрлаат во канта за медицински отпад. Темелно се мијат и дезинфицираат рацете и се врши дезинфекција на сите површини со кои дошол пациентот во контакт. На крај се врши проветрување на просторијата.

 

На крај , но секако не и најмалку важно:

Секој доктор е должен да го пријави секој сомнителен сличај на надлежните институции, или да повика екипа од епидемиолози кои ќе го испитаат случајот.

За сите Ваши сугестии и предлози СКМ е на располагање и ги очекуваме на skm@skm.mk

ПРИЛОГ: Заклучоци од 15-тата редовна седница за превенција од ширење на корона вирусот

Јавете се

+389 2 3246 852

Порака

skm@skm.mk

Посетете не

ул. Балзакова бр. 32, Скопје

Банка

Комерцијална Банка 300000000477179

X