• skm@skm.mk
  • Пон - Пет 8-16 ; Прием на странки од 10-15
  • Објавено на септември 10, 2018

Насоки за откривање на рак на усната шуплина во денталната медицина, нивно потиснување и грижа за пациентите сега се достапни на веб-страницата на FDI

Автори: Ihsane Ben Yahya i Fani Anagnostou

Во повеќе од 70% од случаите пред да се појави рак во усната празнина му претходат премалигни орални лезии, како што се црвени или бели дамки во устата. Насоките се фокусираат на најчестате области на орален карцином : јазикот, внатрешните ѕидови на образите и дното на усната шуплина и професионалците во денталната медицина имаат добри шанси за скрининг на високоризични пациенти за откривање на рани знаци на орален карцином.

Упатства

Упатствата се неодамна објавени, што се совпадна со почетокот на 106-тиот Конгрес на FDI, во Буенос Аирес, Аргентина. Упатствата ги обезбедуваат денталните професионалци со практични насоки за превенција, дијагностицирање и лекување на орален карцином. Упатствата се достапни на неколку јазиции ќе биде корисно да се преведат и објавуваат на македонски јазик.

Оралниот карцином е вид на карцином на главата и вратот, како и кое било канцерозно ткиво кое се развива во усната шуплина. Годишно, во светот, се дијагностицира околу 500.000 нови случаи на орален и орофарингеален карцином, а три четвртини од нив паѓаат во земјите во развој.

Во согласност со својата мисија да го води светот кон оптимално орално здравје, FDI развива упатства за употреба во денталната медицина, за да се предвиди, дијагностицира и третира канцерот на усната шуплина. Целта на овие информативни алатки е да им се пружат на стоматолошките професионалци и пациентите концизни и сеопфатни информации за спречување на оралниот карцином, фактори на ризик, како и упатства за клиничко испитување и дијагностика. Насоките се фокусираат на најчестите локации на орален карцином: јазикот, внатрешните ѕидови на образите и дното на усната шуплина, со што и стапката на преживување на заболените од карцином на усната шуплина може да се подобри со рано откривање.

Ова е основна причина поради која денталните професионалци како, стоматолози, дентални хигиеничари, дентални терапевти, треба да ја разберат важноста на барањето малигни лезии и потенцијално малигни лезии, како дел од нивната рутинска клиничка проценка, дури и кај помладата популација за која се проценува дека има помал ризик од орален карцином.

Извор на веста: официјална страна на FDI.

Прочитај повеќе

 

Јавете се

+389 2 3246 852

Порака

skm@skm.mk

Посетете не

ул. Балзакова бр. 32, Скопје

Банка

Комерцијална Банка 300000000477179

X