• skm@skm.mk
  • Пон - Пет 8-16 ; Прием на странки од 10-15
  • Објавено на април 2, 2021

НАЈНОВО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ТЕКОТ НА ИМУНИЗАЦИЈА-КРИЗНА ГРУПА НА СКМ

Се известуваат сите стоматолози кои аплицирале за вакцинација до 25 март 2021 дека, СКМ ќе ги извести по пат на СМС дека вакцинирањето ќе се изврши во понеделник 05 април 2021 од 12 ч. до 20 ч. со вакцината СПУТНИК V, во Имунизациските пунктови во Скопје, во салата Борис Трајковски.

Сите оние кои ќе примат СМС потребно е да потврдат со повратна порака ПРИФАТЕНО за да може да бидат ажурирани на списокот.

Оние стоматолози кои ќе добијат порака а на истата повратно НЕМА ДА ОДГОВОРАТ, ќе се смета дека НЕ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ИМУНИЗАЦИЈА.

Нивниот термин ќе биде доделен на друг колега.

Пораките ќе се праќаат до докторите во САБОТА на 03 април 2021 г. и доколку оние стоматолози кои СЕ ПРИЈАВИЛЕ до наведениот датум (25.03.2021), а случајно НЕ ПРИМИЛЕ СМС, ги молиме да ја известат стручната служба по пат на EMAIL на следнава адреса: covidskm@gmail.com

.

Кризна група на СКМ

Јавете се

+389 2 3246 852

Порака

skm@skm.mk

Посетете не

ул. Балзакова бр. 32, Скопје

Банка

Комерцијална Банка 300000000477179

X