• skm@skm.mk
  • Пон - Пет 8-16 ; Прием на странки од 10-15
  • Објавено на август 1, 2019

„ОДРЖАНИ ИЗБОРИ ВО ДВА РЕГИОНАЛНИ ОДБОРИ“

На 18 јули се спроведоа избори во два регионални одбори за дополнување на членови во регионалните одбори и Собранието на СКМ кои согласно Статут на СКМ ( член 58, став 1) е определено  да имаат по пет  члена .

Во Регионален одбор Гази Баба за подрачјето на општините Гази Баба,Илинден, Петровец и Арачиново се гласаше за дополнување на два члена во тој Регионален одбор. Во Регионален одбор Гостивар за подрачјето на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша, Дебар и Центар Жупа се гласаше за дополнување на два члена во тој Регионален одбор и делегати во Собрание на СКМ. Централната изборна комисија на Стоматолошка комора на Македонија на 19 јули 2019 година ги сумираше резултатите и го даде следниот извештај:

– Регионален одбор Гази Баба за подрачјето на општините Гази Баба,Илинден,Петровец и Арачиново  за членови  во Регионален одбор Гази Баба ги  избраа д-р Никола Подолешов  како четврти ,  и  д-р Ана Дуковска Цветковска  како петти член на РО.

– Регионален одбор Гостивар за подрачјето на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша, Дебар и Центар Жупа  за членови на Регионален одбор Гостивар ги избраа д-р Назми Ферати како четврти и д-р Имран Жупани како петти член на РО.  Согласно Правилникот  за избори и отповикување на членови  во регионалните одбори , делегати на Собранието и претседател на Стоматолошка комора на Македонија по бројот на добиени гласови од РО Гостивар како делегати во Собранието влегуваат д-р Соња Јакимовска и д-р Назми Ферати.

Јавете се

+389 2 3246 852

Порака

skm@skm.mk

Посетете не

ул. Антон Попов бр.1-4/5, Скопје

Банка

Комерцијална Банка 300000000477179

X