• skm@skm.mk
  • Пон - Пет 8-16 ; Прием на странки од 10-15
  • Објавено на септември 22, 2020

Продолжен е РОКОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦИ

Продолжен е РОКОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦИ

за вршење на здравствени услуги во дејностите

ОРТОДОНЦИЈА, СТОМАТОЛОШКА ПРОТЕТИКА И ОРАЛНА ХИРУРГИЈА

 

Комисијата за спроведување на постапката за доделување на лиценца во Министерството за здравство објави ЈАВНИ ПОВИЦИ за доделување на лиценци за вршење на здравствени услуги во дејностите ОРТОДОНЦИЈА, СТОМАТОЛОШКА ПРОТЕТИКА И ОРАЛНА ХИРУРГИЈА („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.16/20, 17/20, 24/20 и 31/20), а со цел обезбедување на поквалитетни и континуирани здравствени услуги во овие дејности. Со тоа, мрежата на специјалисти кои ќе работат со договори со ФЗОРСМ се зголемува за нови 67 специјалистички лиценци.

Во Јавните повици за доделување на лиценца за вршење на здравствени услуги во дејностите Орална хирургија, Ортодонција и Стоматолошка протетика на ниво на секундарна здравствена заштита во мрежата на здравствени установи во Република Северна Македонија, објавени во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.16/20, 17/20, 24/20 и 31/20, точката 12 се менува и гласи: „12. Постапката за доделување на лиценци ќе се спроведе најдоцна до 31.12.2020 година. “ Во останатиот дел Јавните повици за доделување на лиценца за вршење на здравствени услуги во овие дејности на ниво на секундарна здравствена заштита во мрежата на здравствени установи во Република Северна Македонија, остануваат непроменети.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК 220-20 (кликнете овде)

Јавете се

+389 2 3246 852

Порака

skm@skm.mk

Посетете не

ул. Антон Попов бр.1-4/5, Скопје

Банка

Комерцијална Банка 300000000477179

X