• skm@skm.mk
  • Пон - Пет 8-16 ; Прием на странки од 10-15
  • Објавено на април 16, 2020

Распоред за вклученост на ПЗУ по орална и максилофацијална хиругија во мрежа

Министерството за здравство е надлежна институција која го одредува распоредот и работното време на јавните и приватните здравствени установи.

Согласно известувањето со број 17-3213/1 од 15.04.2020 од страна на Министерство за здравство, со кое Стоматолошка комора на Македонија се овластува  да изготви распоред за вклученост на ПЗУ по орална&максилофацијална хиругија во мрежа Ви го праќаме Прилогот со изготвен распоредот на доктори специјалисти/ПЗУ по општини за период од 20.04.2020 до 20.05.2020 година.

 

Прилогот Комората ќе го објави на веб страна на Комората и ќе го испрати на:

-сите ПЗУ по орална и максилофацијална хирургија во мрежа,

-на сите претседатели на РО на Комората

-на сите ПЗУ по општа стоматологија кои се распоредени како Итни стоматолошки служби во општини

-на сите ЈЗУ Здравствени домови во кои е организирана Итна стоматолошка служба

-на Министерство за здравство

на Фонд за здравствено осигурување

 

Од страна на МЗ и ФЗО  е дефинирано  и следново:

Приватните здравствени ординации во мрежа, од областа на Орална и Максилофацијална хирургија се задолжуваат да работат во смени, во приправност и по повик  (зависно од бројот на ординации во општини), вклучително и сабота и недела.

Работата на приватните здравствени ординации во мрежа, од областа на Орална и Максилофацијална хирургија е согласно упатувањето на определен термин од страна на дежурниот итен стоматолошки тим во градот/општината.

По однос на упатување на пациентот кај  доктор  на стоматологија-специјалист од орална и максилофацијална хирургија во итни случаи, не треба да се креира упат, бидејќи на пациентот како на итен случај ќе му биде креиран упат од страна на соодветниот специјалист каде е пратен.

 

Со почит, Кризна група на Стоматолошка комора на Македонија

ПРИЛОГ РАСПОРЕДОТ (Симни ОВДЕ)

 

Јавете се

+389 2 3246 852

Порака

skm@skm.mk

Посетете не

ул. Балзакова бр. 32, Скопје

Банка

Комерцијална Банка 300000000477179

X