• skm@skm.mk
  • Пон - Пет 8-16 ; Прием на странки од 10-15
  • Објавено на април 16, 2020

СИМУЛАЦИЈА ЗА ПЗСУ поврзана со економско финасиската поддршка на Влада

СИМУЛАЦИЈА ЗА ПЗСУ поврзана со економско финасиската поддршка на Влада
Почитувани,
Кризна група на Комората побара од сметководствено биро на Комората објаснувања и соодветна симулација и за вториот пакет на Влада за економско финасиска поддршка ( во овој момент информациите се дека и ПЗУ од стоматологија може да аплицираат).
Симулацијата е изготвена со прлив на средства по однос на капитција за општи стоматолози, односно остварен лимит за специјалисти од 75.000 денари месечно и со наплатени стоматолошки услуги  по разни основи од уште 75.000,00 денари, односно симулацијата е дека ординацијата имала на месечно ниво приход од 150.000,00 денари и 4 вработени на неопределено време.
Вие може сами да си направите или да ги задолжите Вашите сметководители да Ви направат симулација со Ваши бројки за да дознаете кои се пред/услови за користење и враќање на поддршката доколку кај Вас има интерес за истата.
Во некој од следни денови ќе Ве известиме за точните одредби од Закон за работни односи по однос на која плата/надоместок за плата( 50%  ?  , 70% ? , минимална плата ? итн)  ќе  може да исплаќате за месеците април и мај за Вашите вработени во усови кога Вашите ординации с е затворени/во мирување.
Истотака согласно динамиката на разговори со МЗ и ФЗО, како и пристигањето на одговорите на дописите кои ги имаме праќано со надлежните иституции ( Влада, ресорни министерства) се надеваме дека ќе успееме не само точно да Ве информираме, туку и дека нашите ѐаеднички напори за што полесно надминување на економско финасиските  проблеми со кои се соочува приватниот стоматолошки сектор во услови на мирување/неработење.
Со почит,
Кризна група на Стоматолошка комора на Македонија
Јавете се

+389 2 3246 852

Порака

skm@skm.mk

Посетете не

ул. Балзакова бр. 32, Скопје

Банка

Комерцијална Банка 300000000477179

X