• skm@skm.mk
  • Пон - Пет 8-16 ; Прием на странки од 10-15
  • Објавено на април 2, 2020

ФЗОРСМ допис до ПЗУ во мрежа 01.04.2020

Почитувани,

Согласно насоките од Министерство за здравство, а со цел спречување на ширење на корона вирусот сите приватни стоматолошки здрваствени установи во мрежа со својата опрема и кадар се ставаат на режим на мирување ( да работат исклучиво од дома и да бидат достапни на мобилен телефон за своите пациенти ).

 

Напоменуваме дека во периодот што следува ќе работи само ИТНА СТОМАТОЛОШКА СЛУЖБА  и тоа само за ИТНИ СТОМАТОЛОШКИ УСЛУГИ  кои што се:

  • Силна постојана забоболка ( која сама по себе или со лекови против болка не поминува)
  • Акутна инфекција ( оток, тешко отварање на уста или зголемена телесна температура )
  • Поголеми крварења ( кои не сопираат подолг временски период )
  • Повреди во подрачје на забите како и други повреди на горна или долна вилица

 

1.Во градовите ( општините) каде има исполнети услови по однос на опрема и   кадар   истите   ќе   се   организираат   во   Јавните   здравствени   установи (Здравствени домови) со доктори на   стоматологија   кои се вработени во итните стоматолошки   здравствени служби и службите за детска и превентивна стоматологија, и тоа започнувајќи од 30.03.2020 година.

ЈЗУ Здравствен дом  е задолжен да организира ИТНА СТОМАТОЛОШКА СЛУЖБА  во сменско работење согласно задолжението од Министерство за здравство.

Исто така,  Приватните здравствени установи во мрежа( матични стоматолози) согласно задолжението на  Министерство за здравство  доколку се укаже потреба ќе се вклучат во работата како итни стоматолошки служби со својата Приватна здравствена установа .

Распоредот на сите приватни стоматолошки здравствени установи во мрежа кои ќе се вклучуваат  доколку има потреба, по проценка на Министерство за здравство , согласно задолжението со број 17-2817/1  го подготвува на месечно ниво Стоматолошка комора на Македонија и го доставува до Министерство за здравство и Фондот за здравствено осигурување ќе биде објавен на страната на Стоматолошка комора на Македонија и Фондот за здравствено осигурување.

 

2.Во градовите ( општините) каде нема исполнети услови по однос на опрема и кадар, Итните стоматолошки служби да се организираат во Јавните здравствени   установи (Здравствени домови), итната стоматолошка служба се организира од страна на Приватните здравствени установи во мрежа( матични стоматолози) со вработените во ПЗУ и тоа започнувајќи од 30.03.2020 година.

Распоредот на вработени во приватни стоматолошки здравствени установи во мрежа кои ќе се менуваат на определен временски период  и со работно време од 09.00 -15.00 часот  вклучувајќи ги и сабота и недела, согласно задолжението со број 17-2817/1  го подготвува на месечно ниво Стоматолошка комора на Македонија и го доставува до Министерство за здравство и Фондот за здравствено осигурување, ќе биде објавен на страната на Стоматолошка комора на Македонија и Фондот за здравствено осигурување.

Бројот на ординации кои ќе се вклучени во давање на итни стоматолошки услуги за секој град/општина го определува Министерство за здравство.

 

3.На територија на Република Северна Македонија, и во градовите /општините каде Итната служба ја организираат Јавните здравствени установи и во градовите /општините каде Итната служба ја организираат  Приватните здравствени установи во мрежа( матични стоматолози) сите останати Приватни здравствени установи  во мрежа( матични стоматолози) се должни да ги затворат(стават во мирување)  своите ординации и се должни да даваат совети  на нивните матични пациенти по телефон секојдневно од 09:00 до 19:00 часот вклучувајќи и сабота и недела.

 

Од особена важност е матичните стоматолози  во претходна  комуникација со нивните  пациенти да не дозволат Итната стоматолошка служба биде преоптоварена со давање на услуги кои не се од итен карактер.

 

4.Приватните здравствени ординации во мрежа, од областа на Орална и Максилофацијална хирургија се задолжуваат да работат во смени (зависно од бројот на ординации и општини), вклучително и сабота и недела.

Работата на приватните здравствени ординации во мрежа, од областа на Орална и Максилофацијална хирургија е согласно упатувањето на определен термин од страна на дежурниот итен стоматолошки тим во градот/општината.

 

4.За времетраење на мерките поради епидемија на КОВИД 19 за издавањето/пропишувањето на рецепти, ампуларна терапија, боледување и др , како и водењето евиденција и наплаќање на партиципацијата ќе се одвиваат по посебен режим за кој Фондот ќе Ве извести дополнително.

 

Во прилог Ви го доставувам известувањето кое Вие задолжително треба да го дополните со Вашиот мобилен телефонски број  и истото да го истакнете на влезната врата од Вашатa Приватна здравствена установа

За спроведувањето на оваа задолжение овластените лица на Фондот ќе вршат  контроли.

 

Јавете се

+389 2 3246 852

Порака

skm@skm.mk

Посетете не

ул. Балзакова бр. 32, Скопје

Банка

Комерцијална Банка 300000000477179

X