• skm@skm.mk
  • Пон - Пет 8-16 ; Прием на странки од 10-15
  • Објавено на јануари 30, 2020

ЈАВЕН ПОВИК – ТЕНДЕР за доделување на лиценци за вршење на здравствени дејности

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани,

Стоматолошката комора на Македонија Ве известува дека од страна на Министерството за здравство е  објавен  ЈАВЕН ПОВИК – ТЕНДЕР за доделување на лиценци за вршење на здравствени дејности (ортодонција, орална хирургија и стоматолошка протетика) на ниво на секундарна здравствена заштита во мрежата на здравствени установи во Република Северна Македонија (Сл. весник бр. 16/2020 од 22.01.2020г.).

Имајќи ги во предвид условите за конкурирање на тендерот, онака како што се наведени во тендерската документација, на самиот почеток Ви е потребно:

  1. специјалистичка лиценца по ортодонција, орална хирургија или стоматолошка протетика

или

  1. уверение за положен специјалистички испит по ортодонција, орална хирургија или стоматолошка протетика, а лиценцата како специјалист по ортодонција, орална хирургија или стоматолошка протетика може да се достави во периодот по отворањето на понудите до донесувањето на одлуката за избор на најповолни понудувачи, за што најповолните понудувачи ќе бидат писмено известени дека најдоцна во рок од 60 дена од денот на приемот на известувањето се должни да обезбедат лиценца како специјалист по стоматолошка протетика,ортодонција или орална хирургија.

Имајќи го во предвид наведеното, Комората укажува дека во оваа фаза на постапката за конкурирање на тендерот не е неопходно промена на лиценцата, особено што истото предизвикува постапка пред надлежна Комисија на комората и материјален трошок, а доколку докторот не биде избран во првиот круг како најповолен понудувач, а во иднина нема потреба од специјалистичката лиценца, ќе биде потребно да поднесе барање за издавање на општа лиценца, што покрај постапка пред надлежната комисија повлекува и материјален трошок.

СТОМАТОЛОШКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Оригинална објава (види)

Јавете се

+389 2 3246 852

Порака

skm@skm.mk

Посетете не

ул. Антон Попов бр.1-4/5, Скопје

Банка

Комерцијална Банка 300000000477179

X