• skm@skm.mk
  • Пон - Пет 7.30-15.30 ; Прием на странки од 10-15
  • Објавено на април 14, 2022

Стоматолошката комора: Не сме правеле ценовни картели, туку заштитни цени

Интегрална реакција од Стоматолошката комора на Македонија за текстот на „Фактор“ под наслов „Вулканизери и стоматолози правеле ценовни картели во Македонија“ објавен на 14.04.2022.

 

Без да навлегуваме во мотивите, констатираме дека Фактор Портал ДОО Скопје објавил манипулативен текстза работењето на докторите на стоматологија во врска со плаќањето на услугите и изработките во стоматолошките здравствени установи, при што не го почитувал основното новинарско правило да се побара одговор за конкретната тема од другата страна.

Со текстот со наслов ‘’Вулканизери и стоматолози правеле ценовни картели во Македонија’’, погрешно е претставена фактичката состојба и се руши угледот на докторите на стоматологија, кои во насловот се изедначени со вулканизери. Бидејќи не побаравте одговор за конкретната тема, Комората за овој напис објавен на веб-страната faktor.mk, го доставува следниот одговор:

Стоматолошката комора на Македонија, со тужба пред Управниот суд, го оспори Решението бр. 09-11/1 од 04.02.2021 г. на Комисијата за заштита на конкуренција, со кое Комората беше огласена за прекршочно одговорна за сторен прекршок по член 59 став 1 точка 1 од Законот за заштита на конкуренцијата, при што и беше изречена глоба во износ од 20.000,00 денари.  Со Пресуда од 27.01.2022 година, Управниот суд ја уважи тужбата на Стоматолошката комора на Македонија и ГО ПОНИШТИ Решението на Комисијата за заштита на конкуренција, со кое Комората беше казнета со 20.000,00 денари.

Во тужбата со која Комората го оспори Решението на Комисијата, како причина се наведува тоа што во конкретниот случај НЕ СЕ РАБОТИ ЗА ФИКСИРАЊЕ НА ЦЕНИТЕ на стоматолошките услуги, туку за ЗАШТИТНИ (МИНИМАЛНИ) ЦЕНИ, минимум со кој се обезбедува и квалитетна услуга и се зачувува и унапредува здравјето, што Управниот суд го прифати при одлучувањето и донесе Пресуда во корист на Стоматолошката комора на Македонија.

Со ширење на невистинити информации за фиксирање на цените на стоматолошките услуги, преку тенденциозниот наслов кој е во директна спротивност со реалноста, директно се нарушува угледот на докторите на стоматологија, а воедно и погрешно се информира јаноста дека Стоматолошката комора со одлука ги фиксирала цените на пазарот на услуги и изработки во стоматолошките здравствени установи.

Со оглед на фактот дека Решението со кое Комората е казнета со парична казна е поништено со Пресуда на Управниот суд, СКМ во целост ги отфрла манипулативните тврдења дека стоматолозите правеле ценовни картели во Македонија. Како поткрепа на горенаведеното, Ви ја доставуваме и Пресудата на Управниот суд.

Согласно важечката законска регулатива за медиумите, бараме оваа реакција во целост да биде објавена од страна на Фактор Портал ДОО Скопје.

ЛИНК ДО ПОРТАЛОТ

 

Јавете се

+389 2 3246823

Порака

skm@skm.mk

Посетете не

ул. Балзакова бр. 32, Скопје

Банка

Комерцијална Банка 300000000477179

X