• skm@skm.mk
  • Пон - Пет 8-16 ; Прием на странки од 10-15
  • Објавено на Октомври 13, 2021

ПРЕПОРАКА ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ COVID-19 СО ТРЕТА ДОЗА

Почитувани,

На седницата на Извршниот одбор на Стоматолошката комора на Македонија, одржана на 06.10.2021, беше разгледана препораката од Министертвото за здравство на Република Северна Македонија, за примање на трета доза од вакцината против Covid-19, при што беше заклучено следното:

Извршниот одбор на Стоматолошката комора на Македонија, во целост ја прифаќа препораката на Министертвото за здравство и Комитетот за имунизација и на докторите на стоматологија им препорачува да ја примат третата доза на вакцината против Covid-19.

Според насоките на Министертвото за здравство, третата доза од вакцините ќе се изведува со вакцините од производителот Pfizer/Biontech, без оглед од кој производител биле првата и втората доза од вакцината.

Исто така, сакаме да ве информираме дека третата доза може да се прими само по изминати 6 (шест) месеци од примена втора доза од вакцината. Истовремено, ве известуваме дека сите доктори на стоматологија кај кои поминaле 6 месеци од примањето на втората доза од вакцината против Covid-19, ќе добијат смс порака од системот МојТермин, дека можат да ја примат третата доза.

За вакцинација со трета доза од вакцината против Covid-19, не е потребно претходно закажување термин, туку истата може да се изведе во сите пунктови за вакцинација.

 

Со почит,

Стоматолошка комора на Македонија

Јавете се

+389 2 3246 852

Порака

skm@skm.mk

Посетете не

ул. Балзакова бр. 32, Скопје

Банка

Комерцијална Банка 300000000477179

X