• skm@skm.mk
  • Пон - Пет 8-16 ; Прием на странки од 10-15
  • Објавено на септември 28, 2018

КАКО СЕ СТАНУВА ЧЛЕН

КАКО СЕ СТАНУВА ЧЛЕН

Доктор на стоматологија кој има завршено шестгодишни, односно петгодишни студии по стоматологија на високообразовна институција во земјава или странство и положен стручен испит за дипломирани доктори на стоматологија, може да се стекне со лиценца за работа (документ за вршење на стоматолошка здравствена заштита) доколку до Стоматолошката комора достави:

А. Барање за издавање на лиценца за работа за дипломирани доктори на стоматологија кои завршиле високо образование, пробна работа и положиле стручен испит во Република Северна Македонија (ПРЕВЗЕМИ)

  • Кон Барањето се приложуваат следните документи:
  1. Диплома и уверение за завршено високо образование од областа на стоматологијата во траење од најмалку пет години, односно 300 кредити по ЕКТС
  2. Доказ за државјанство на Република Македонија
  3. Доказ за завршена пробна работа
  4. Доказ за положен стручен испит
  5. оказ за завршена специјализација односно супспецијализација
  6. Кратка биографија
  7. Уплатница во износ од 2.800,00 денари за издавање на лиценца за работа по прв пат

 

Б. Барање за издавање на лиценца за работа на доктор на стоматологија со завршено високо образование, завршена пробна работа и положен стручен испит во СТРАНСТВО (ПРЕВЗЕМИ)

  • Кон Барањето се доставуваат следните документи:
  1. Нострифицирана диплома за завршено високо образование од областа на стоматологијата
  2. Доказ за призната пробна работа
  3. Доказ за положен стручен испит
  4. Доказ за државјанство на Република Македонија
  5. Кратка биографија
  6. Уплатница во износ од 2.800,00 денари за издавање на лиценца за работа по прв пат

 

В. Барање за издавање на лиценца за работа на доктор на стоматологија со стекната лиценца за работа во странство (ПРЕВЗЕМИ)

  • Кон Барањето се доставуваат следните документи:
  1. Нострифицирана диплома за завршено високо образование од областа на стоматологијата
  2. Доказ за призната пробна работа
  3. Доказ за положен стручен испит
  4. Препорака од комората во која членувал
  5. Доказ за претходно работно искуство во дејноста во која бара лиценца
  6. Доказ за државјанство на Република Македонија
  7. Кратка биографија
  8. Уплатница во износ од 2.800,00 денари за издавање на лиценца за работа по прв пат

Г. Барање за издавање на лиценца за работа на доктор на стоматологија – странски државјанин (ПРЕВЗЕМИ)

  • Кон Барањето се доставуваат следните документи:
  1. Доказ за одобрен престој во Република Северна Македонија издаден од надлежен државен oрган
  2. Одобрение за работа издадено од надлежен државен орган
  3. Нострифицирана диплома за завршено високо образование од областа на стоматологијата
  4. Доказ за призната пробна работа
  5. Доказ за положен стручен испит
  6. Кратка биографија
  7. Доказ за познавање на македонскиот јазик издадена од овластена образовна установа за успешно положен тест за знаење на јазикот
  8. Доказ дека во држава во странство во која положил стручен испит, не му е забрането вршење на дејност или должност
  9. Доказ дека не му е ограничена деловната способност
  10. Уплатница во износ од 2.800,00 денари за издавање на лиценца за работа

По доставување на Барањето со горенаведените прилози, документите ги разгледува Комисијата за стоматолошка етика и деонтологија, која во рок од 15 дена ќе одговори на барањето. Доколку, одговорот на барањето е позитивен, докторот на стоматологија, кој поднел барање за издавање на лиценца за работа, ги доставува следните документи:

  1. Пријава за запишување во Регистарот за издадени, обновени, продолжени и одземени лиценци за работа на докторите на стоматологија (ОБРАЗЕЦ БР.2)
  2. Две фотографии (со димензии како за лична карта)

Лиценцата за работа што ја добива докторот на стоматологија е документ за вршење на стоматолошка здравствена заштита во РМ и е неопходен кога докторот се вработува во дејноста за која ја има добиено лиценцата или стоматолошка здравствена заштита и се доставува во Министерство за здравство на Република Северна Македонија.

 

Јавете се

+389 2 3246 852

Порака

skm@skm.mk

Посетете не

ул. Антон Попов бр.1-4/5, Скопје

Банка

Комерцијална Банка 300000000477179

X