• skm@skm.mk
  • Пон - Пет 8-16 ; Прием на странки од 10-15
  • Објавено на јуни 30, 2014

ВТОРА СЕДНИЦА НА КОМИСИЈАТА ЗА СТАТУТАРНИ ПРАШАЊА (19.06.2014 – 30.06.2014)

Измените и дополнувањата на постоечкиот Статут на Комората произлегоа од неговата нефункционалност и неусогласеност со важечките закони и други правник акти, утврдени со длабинската правна анализа на работењето на Стоматолошката комора. Статутарната комисија по опсежната анализа на постоечкиот Статут и консултации со правникот кој го изработи нацрт-текстот на новиот статут, ги предложи следните измени и дополнувања:

Во воведниот дел се направени следните измени: во текстот каде се наведуваат броевите на Службен весник на кои се повикува Статутот по “бр. 43/2012“ се додава следниот текст: “145/2012, 65/2013, 87/2013, 164/2013, 39/2014 и 43/2014) и согласно член 16 став 1 алинеја 1 од Статутот на Стоматолошката комора на Македонија од 22.12.2012 година (Службен весник на Република Македонија бр. ___/2013)“.

Во поглавје I. ОПШТИ ОДРЕДБИ се направени следните измени:

–    во член 1, точка 8 после зборот “постапката“ се додаваат зборовите “за донесување“, а после зборот “измена“ се додава зборот “и дополнување“

–    во член 2 став 1 пред зборот “лиценца“ се додава зборот “важечка“.

–    во член 3 став 1 се додаваат зборовите“ согласно одредбите од Законот за здравствена заштита“.

Во поглавје II. ИМЕ (НАЗИВ) И СЕДИШТЕ се направени следните измени:

Во член 4 став 1 на крајот од реченицата се додава зборот “Скопје“, во став 3 зборовите “DENTAL CHAMBER OF MACEDONIA“ се заменуваат со зборовите “MACEDONIAN DENTAL CHAMBER Skopje“, во став 4 на крајот од реченицата се додаваат зборовите “на ул. Огњан Прица бр. 1-4/5, Кисела Вода, Скопје.

Во член 6 став 2 зборовите “заменик-претседателот на Комората“ се заменуваат со зборовите “еден од замениците на претседателот на Комората кој тој ќе го назначи со посебен акт“.

Во член 7 став 1 зборовите “којшто има тркалезна форма и симболизира стоматолошко огледалце во чија средината со стилизирани букви распоредени како змија на Ескулапова игла и е испишан скратениот назив на Комората“ се заменуваат со зборовите “чијашто форма, изглед и дизајн ја утврдува Собранието со посебна одлука.“

Во член 8 после ставот 3 се додава став 4 кој гласи: “Печати имаат и регионалните одбори на Комората“, после кој се додава став 5 кој гласи: “Печатот на регионален одбор има тркалезна форма, со пречник од 4 см., на чија внатрешна страна полукружно е напишано: “СТОМАТОЛОШКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА” – Скопје и името на регионалниот одбор. Во средината на печатот се наоѓа знакот на Комората.“

Во поглавје III. ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА КОМОРАТА се направени следните измени:

Во член 10 точка 10 на крајот од реченицата се додаваат зборовите “и овозможува електронски увид и електронско ажурирање на податоците“.

Поглавјето VII. ПРАВА, ДОЛЖНОСТИ И ОДГОВОРНОСТИ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА КОМОРАТА, во новиот статут станува поглавје IV.и во него се направени следните измени:

Член 69 станува член 11, со следните измени: зборот “чест“ се брише, а после зборот “право“ се додава “и обврска“, после зборот “сите“ се додаваат зборовите “доктори на стоматологија“, пред зборот лиценца се вметнува зборот “важечка“, а на крајот од реченицата се додаваат заборовите “, а согласно важечките законски и подзаконски прописи од областа на здравствената заштита и овој Статут“.

Член 70 станува член 12 со следните измени: во Ставот 2 после зборовите “Доброволно во Комората може да членува доктор на стоматологија кој вршел стоматолошкадејностнатериторијатана Република Македонија, “ се додаваат заборовите “невработен доктор на стоматологија пријавен во Агенцијата за вработување, доктор на стоматологија кој е вработен надвор од стоматолошкиот здравствен систем“,

Член 71 станува член 13

Член 72 станува член 14, со следните измени: точка 8 и 9 се спојуваат и стануваат точка 8,

–    Точка 10 станува точка 9,

–    Точка 11 станува точка 10,

–    Точка 12 станува точка 11,

–    Точка 13 станува точка 12,

–    Точка 14 станува точка 13,

–    Точка 15 станува точка 14,

–    Точка 16 станува точка 15 со следната измена: на крајот од реченицата се додаваат зборовите: “и останати давачки за кои ќе бидат задолжени од Комората,“

–    Точка 17 станува точка 16,

–    Точка 18 станува точка 17,

–    Точка 19 станува точка 18,

–          Се додава нова точка – 19 која гласи: “Редовно, писмено или електронски да ја известува Комората за сите податоци и нивната измена што се пропишани со актот за водење на Регистарот на доктори по стоматологија,“

–          Точка 20 станува точка 21, а новата точка 20 гласи: “Да го почитуваат начелото на професионална тајна доколку извршуваат некоја должност како член на органите на Комората, за прашања кои се од витално значење за функционирање на Комората, а со кои може да се нанесе штета на членови на Комората или на самата Комора;“

Член 73 станува член 15 со следните измени:

–    Во Ставот 1 после точка 4 се додава точка 5 која гласи: “смрт на членот на Комората.“

–    Ставот 2 се менува и гласи: “Со престанок на членувањето, на членот му престануваат и сите права, должности и активности во Комората.“

–    Ставот 2 од стариот статут станува став 3 со следната измена: после зборовите “престанокот на челнството“ се додаваат зборовите “се утврдува со одлука на Собранието на Комората и“.

–    Ставот 3 станува став 4 со следната измена: на крајот од реченицата се додаваат зборовите “освен во случајот од точка 5 став 1 на овој член, каде истото го врши член на потесното семејство.“

–    По Ставот 4 се додава нова став – 5 кој гласи: “По утврдувањето на престанок на членството во Комората, Комората е должна во рок од три дена да го извести работодавецот каде што е вработен членот и Министерството за здравство.“

Поглавје IV ОРГАНИ НА КОМОРАТА, во новиот статут станува поглавје V, со следните измени:

Членот 11 станува член 16

Членот 12 станува член 17

Членот 13 станува член 18 со следните измени: во Ставот 1 на крајот од реченицата се додаваат зборовите “со можност за повторен избор за уште еден последователен мандатен период“

Членот 14 станува член 19 со следните измени:

–          Ставот 3 станува став 4, а се додава нов став 3 кој гласи: “Делегати на Собранието по функција се и претседателот на Комората и замениците на претседателот на Комората, без право на глас.“

–          Во новиот став 4 се внесува следната измена: на крајот од реченицата се внесуваат зборовите: “согласно бројот на евидентирани членови на Комората од секој регионален одбор, при што од еден регионален одбор може да бидат избрани најмногу 4 (четири) делегати во Собранието.“

–          Ставот 4 станува став 5

–          Ставот 5 станува став 6

–          Ставот 6 станува став 7

–          Ставот 7 станува став 8

–          Ставот 8 станува став 9, а зборовите “на седница“ се бришат.

Член 15 станува член 20 каде зборот –членот- се заменува со зборот- делегат-

Член 16 станува член 21, со следните измени:

–          Во точка 3 по зборовите “одлучува за именувањето и отповикувањето на претседателот на Комората,“ се додаваат заборовите “замениците на претседателот на Комората, претседателот на Собранието, потпретседателите на Собранието,“, а на крајот од реченицата се додаваат зборовите “и формира постојани комисии и избира и разрешува нивни претседатели и членови;

–          Точка 11 се брише и на нејзино место доаѓа точка 12

–          Точка 13 станува точка 12

–          Точка 14 станува точка 13

–          Точка 15 станува точка 14

–          Точка 16 станува точка 15

–          Точка 17 станува точка 16

–          Точка 18 станува точка 17

–          Точка 19 станува точка 18, кај која на крајот на реченицата се додаваат зборовите “и начинот на огласување и рекламирање на услугите на стоматолошките здравствени установи,“

–          Се додава нова точка 19 која гласи: “Одобрува правни акти и правни дела на претседателот на Комората и правни акти на Извршниот одбор, чија вредност надминува 10.001,00 евра (десет илјади и едно евро) во денарска противвредност“.

Член 17 станува член 22

Член 18 станува член 23 со следните измени: во Ставот 1 реченицата “Доколку претседателот е спречен од одредена причина да свика и раководи со седницата на Собранието, оваа улога ја пренесува со писмено полномоштво на еден од членовите на Собранието“ се брише.

–          Ставот 2 станува став 8 , а новиот став 2 гласи: “Претседател на Собранието се избира на конститутивно – изборна седница на Собранието од редот на избраните делегати во Собранието, на предлог на најмалку дваесет членови на Собранието и со мнозинство гласови од вкупниот број делегати во Собранието, со јавно гласање.

–          Ставот 3 станува став 9 , новиот став 3 гласи: “Претседателот на Собранието може да биде разрешен на барање на претседателот на Комората или на барање од најмалку дваесет делегати во Собранието и со мнозинство гласови од вкупниот број делегати во Собранието, со јавно гласање. Претседателот на Собранието може да биде отповикан на предлог од дваесет членови на собранието.“

–          По Ставот 3 се додава став 4 кој гласи: “Доколку претседателот е спречен од одредена причина да свика и раководи со седницата на Собранието тоа го прави еден од потпретседателите на Собранието.“

–          По новиот став 4 се додава став 5 кој гласи: “Собранието на првата конститутивно – изборна седница избира двајца потпретседатели на Собранието од редот на избраните делегати во Собранието, на предлог на Претседателот на Собранието и со мнозинство гласови од вкупниот број делегати во Собранието, со јавно гласање.“

–          По новиот став 5 се додава став 6 кој гласи: “Потпретседател на Собранието може да биде разрешен на барање Претседателот на Собранието или на барање од најмалку дваесет делегати во Собранието и со мнозинство гласови од вкупниот број делегати во Собранието, со јавно гласање.“

–          По новиот став 6 се додава став 7 кој гласи: “Претседателот на Собранието одредува кој од двајцата потпретседатели ќе го замени во случај на негова спреченост да ја свика и раководи со седницата на Собранието.“

Член 19 станува член 24

Член 20 станува член 25 со следните измени: точка 4 се дели на две точки 4 и 5, во точка 4 зборовите “се грижи за извршување на одлуките што ги носи Собранието.“ се бришат и се додаваат во точка 5.

–          Точка 5 станува точка 6

–          Точка 6 станува точка 7

–          Точка 7 станува точка 8

–          Точките 8, 9 и 10 се бришат.

–          Член 21 станува член 26

–          Член 22 станува член 27

Член 22 станува член 28, со следните измени: во Ставот 2 точка 8 се брише, а новата точка 8 гласи: “Расправа за поднесениот тримесечни предлог план за активности и поднесените извештаи за работа на постојаните комисии,“

–          Точка 9 станува точка 22

-Во точка 10 се бришат зборовите “на комисиите“ а на нивно место се додаваат зборовите “на повремените работни тела и нивниот предлог-план за активности,“

–          Точка 12 станува точка 8, со следните измени: зборовите “комисии и работни групи за извршување на одделни работи од својот делокруг на работа,“, се заменуваат со зборовите “работни тела (комисии, одбори, работни групи и слично) и избира и разрешува нивни претседатели и членови,“

–          Точка 13 се брише.

–          Точка 14 станува точка 11.

–          Новата точка 14 се менува и гласи: “Одобрува правни акти и правни дела на претседателот на Комората, чија вредност надминува 3.001,00 (три илјади и едно евро) евра но не надминува 10.000,00 евра (десет илјади евра) во денарска противвредност;“

–          Точка 16 станува точка 13.

–          Точка 17 станува точка 14.

–          Точка 18 станува точка 15

–          Точка 19 станува точка 16

–          Точка 20 станува точка 17

–          Точка 21 станува точка 18

–          Точка 22 станува точка 19

–          Точка 23 станува точка 20

–          Точка 24 станува точка 21

–          Точка 25 станува точка 22 со следната измена: зборовите “акредитирани доктори“ се заменуваат со зборот “членови“

–          Точка 26 станува точка 23 со следната измена: по зборовите “во надлежност“ се додаваат зборовите “на Собранието на Комората“.

–          Точка 27 станува точка 24

–          Точка 28 станува точка 25.

Член 24 станува член 29 со следните измени: Во Ставот 2 зборовите “а по функција членови на Извршниот одбор се претседателот на Комората и двајцата потпретседатели. Претседателот на Комората

–          После Ставот 2 се додава став 3 која гласи: “За член на Извршниот одбор исто лице може да биде избрано најмногу во два мандати последователно.“

–          После новиот став 3 се додава став 4 кој гласи: “По функција членови на Извршниот одбор се претседателот на Комората и двајцата заменици на претседателот.“

Член 25 станува член 30 со следните измени: ставот 6 станува став 7, а ставот 2 од член 26 станува став 6 од член 25. Ставот 7 станува став 8

–          Се додава нов став – 9 кој гласи: “Со Деловникот за работа на Извршниот одбор се уредува начинот на свикување на седниците, начинот на испраќање на материјалите за седницата, времето на испраќање на матерјалите, начинот на водење на седницата, начинот на донесување на одлуките, редоследот на добивање на збор на членовите на Извршниот одбор, чување на дигнитетот на Извршниот одбор и на членовите на Извршниот одбор, почитувањето на предвиденото време за дискусија, чување на работна и конструктивна атмосфера во работењето, почитување на овластувањата на поедини органи при предлагање и донесување на одлуки и начинот на обезбедување на соработка на Извршниот одбор со Собранието и претседателот на Комората и начинот на извршување на одлуките на Извршниот одбор, како и други прашања поврзани со работата на Извршниот одбор.“

Член 26 станува член 31 со следните измени: се додава нова точка – 9 која гласи: “претседателот на Извршен Одбор го избира Собранието на Комората на предлог на претседателот на комората од редот на членовите на Извршен Одбор, и со мнозинство гласови од вкупниот број делегати во Собранието, со јавно гласање.“, и нова точка 10 која гласи: “претседателот на Извршен Одбор го разрешува Собранието на Комората на предлог на претседателот на комората или на предлог на 20 делегати од Собранието, со мнозинство гласови од вкупниот број делегати во Собранието, со јавно гласање.“

Член 27 станува член 32

Член 28 станува член 33

Член 29 станува член 34 со следните измени:

–       Во ставот 1 на крајот од реченицата се додаваат зборовите “со мнозинство гласови од вкупниот борј делегати во Собранието на Комората.“

–       Ставот 2 станува став 4 со следните измени: на крајот на реченицата се додаваат забровите: “на првата конситутивна седница, со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Надзорниот одобор, со јавно гласање.“

–       Новиот став 2 гласи: “За член на Надзорниот одбор исто лице може да биде избрано најмногу во два мандати.“

–       Ставот 3 станува став 5.

–       Новиот став 3 гласи: “Член на надзорниот одбор може да биде разрешен на барање на најмалку 20 делегати на Собранието, и со мнозинство гласови од вкупниот број делегати во Собранието, со јавно гласање.“

–       Ставот 4 станува став 6

–       Ставот 5 станува став 7.

Членот 30 станува член 35 со следните измени: Точка 9 станува точка 10, а новата точка 9 гласи: “донесува правни акти и склучува правни дела, чија вредност не надминува 3.000,00 (три илјади) евра противвредност, а останати правни дела и правни акти чија вредност надминува 3.000,00 (три илјади) евра во денарска противвредност, склучува односно донесува согласно одредбите на член 16 став 1 алинеја 20 и член 23 став 2 алинеја 18“

–          Точка 10 станува точка 11

–          Точка 11 станува точка 12

–          Точка 12 станува точка 13 со следната измена: зборовите “давасогласностнапредлоготнаИзвршниотодборзаизборна“ се менуваат со зборовите “именува и разрешува“.

–          Точка 13 станува точка 14

–          Точка 14 станува точка 15

–          Точка 15 станува точка 16

–          Точка 16 станува точка 17

–          Точка 17 станува точка 18

–          Точка 18 станува точка 20

–          Се додава нова точка – 19 која гласи: “формира повремени работни тела (комисии, одбори и сл.) и“

Член 31 станува член 36 со следните измени: Став 2 станува став 3 со следната измена: зборот “Кандидатурата за претседател“ се заменува со зборовите “Овластен предлагач“

–          Се додава нов став – 2 кој гласи: “Претседател на Комората исто лице може да биде избрано најмногу во два последователни мандати.“

–          Став 3 станува став 4 со следната измена: зборовите “од страна на регионалните одбори“ се заменуваат со зборовите “на претседател кога овластен предлагач се“, и на крајот од реченицата се додаваат зборовите “во новоизбраниот состав“.

–          Став 4 станува став 5

–          Став 5 станува став 6 ка де се бришат зборовите –да има искуство во работењето со стручни органи во стоматологијата-

–          Став 6 станува став 7 со следната измена: зборовите “Регионалните одбори“ се заменуваат со зборовите “Овластените предлагачи од став 3 на овој член“, зборот “пред“ се заменува со зборот “по“, после зборовите “одржување на конститутивно-изборна седница“ се додаваат зборовите “и верификација на мандатите на делегатите на Собранието“.

–          Став 7 станува став 8

–          Став 8 станува став 10

–          Став 9 станува став 11

–          Се додава нов став – 9 кој гласи: “Актите од ставот 7 на овој член како и сите други акти на Изборната комисија се конечни и заинтересираните лица немаат право на правен лек против истите.“

–          Став 10 станува став 12

–          Став 11 станува став 13

Членот 32 станува член 37 со следните измени: во став 2 после зборовите “од редот на членовите на Комората“ се додаваат зборовите “со мнозинство гласови од вкупниот број делегативо Собранието“,

–          Ставот 3 станува став 5, а новиот став 3 гласи: “За Заменик претседател на Комората исто лице може да биде избрано најмногу во два последователни мандати“.

–          Ставот 4 станува став 6, а новиот став 4 гласи: “Заменик на претседателот на Комората може да бидат отповикани на предлог на најмалку 20 делегати на Собранието или на предлог на претседателот на Комората со мнозинство гласови од вкупниот број делегати во Собранието, со тајно гласање“.

–          Ставот 5 станува став 7 со следната измена: на крајот на реченицата се додаваат зборовите “до спроведување на нови редовни избори за претседател на Комората и кој во рок од 60 дена ќе ги распише истите“.

Член 33 станува член 38

Член 34 станува член 39

Член 35 станува член 40 со следната измена: после став 1 се додава став 2 кој гласи: “Деловниокот од став 1 на овој член го носи Собранието на Комората.“

Член 36 станува член 41 со следната измена: во став 1 зборот “седум“ се брише, а на негово место се ставаат зборовите “најмалку петнаесет“.

После ставот 4 се додавастав пет кој гласи: “(5) Судија на Судот на честа не може да ја врши судиската должност:

1)                  ако самиот е странка, законски застапник или полномошник на странка, ако со странката е во однос на соовластеник, сообврзник или регресен обврзник или ако во истиот предмет е сослушан како сведок или вештак;

2)                  ако постојано или привремено работи кај работодавец кој е странка во постапката;

3)                  ако странката или законскиот застапник или полномошникот на странката му е роднина по крв во права линија до кој и да е степен, а во странична линија до четврти степен, или му е брачен другар, вонбрачен другар или роднина по сватовство до втори степен, без оглед дали бракот престанал или не;

4)                  ако е старател, посвоител, посвоеник, хранител или храненик на странката, на нејзин законски застапник или полномошник;

5)                  ако во истиот предмет учествувал во донесувањето на одлуката на понискиот суд или на друг орган и

6)                  акопостојат други околности што ја доведуваат во сомневање неговата непристрасност.

После новододадениот став 5 се додава став 6 кој гласи: “(6) Останатите одредби поврзани со изземањето на судиите на Судот на честа се уредуваат со актот од член 35 став 1 на овој Статут.“

Членот 37 станува член 42 и ги содржи следните измени: во став 3 на крајот од реченицата се додаваат зборовите “и истиот неможе да се јави како член на првостепен судски совет.“

–          После ставот 5 се додава став 6 кој гласи: “Претседателот на Судот на честа на почетокот на годината утврдува состав на судските совети од ставот 2 на овој член на кој состав Собранието на Комората дава согласност. “

–          После ставот 6 се додава став 7 кој гласи: “Судот на честа е одговорен за својата работа пред Собранието и му поднесува годишен извештај за својата работа.“

Членот 38 станува член 43 со следните измени: во став 2 на крајот од реченицата се додаваат зборовите “кои ги избира Собранието на предлог на обвинителот.“ По ставот 2 се додава нов став – 3 кој гласи: “(3) Обвинителот или негов заменик не може да ја врши обвинителската должност:

  1. ако самиот е странка, законски застапник или полномошник на странка, ако со странката е во однос на соовластеник, сообврзник или регресен обврзник или ако во истиот предмет е сослушан како сведок или вештак;
  2. ако постојано или привремено работи кај работодавец кој е странка во постапката;
  3. ако странката или законскиот застапник или полномошникот на странката му е роднина по крв во права линија до кој и да е степен, а во странична линија до четврти степен, или му е брачен другар, вонбрачен другар или роднина по сватовство до втори степен, без оглед дали бракот престанал или не;
  4. ако е старател, посвоител, посвоеник, хранител или храненик на странката, на нејзин законски застапник или полномошник;
  5. ако во истиот предмет учествувал во донесувањето на одлуката на понискиот суд или на друг орган и
  6. акопостојат други околности што ја доведуваат во сомневање неговата непристрасност.

По ставот 3 се додава нов став – 4 кој гласи:“ (4) Останатите одредби поврзани со изземањето на обвинителот или негов заменик се уредуваат со актот од член 48 на овој Статут.“

Членот 39 станува член 44

Членот 40 станува член 45

Членот 41 станува член 46 каде се се бришат зборовите –и друго лице кое како експерт ќе го избере тужениот- а се додаваат зборовите -или адвокат ангажиран од тужениот-

Членот 42 станува член 47 со следната измена: ставот 2 се брише.

Членот 43 станува член 48 со следната измена: зборовите “Судот на честа“ се заменуваат со зборовите “Обвинителот на Комората, неговите заменици и бранители“

Членот 44 станува член 49 со следните измени: во став 1 зборот “повремени“ се брише.

–          Ставот 2 станува став 3, а на негово место се додава нов став – 2 кој гласи: “Комората има повремени комисии, како помошни работни тела на Комората, кои се формирани со одлука на Извршниот одбор или претседателот на Комората. “

Членот 46 станува член 50 со следните измени: Во став 1 првата реченица гласи: “Претседателот на постојаните комисии се предлага од делегатите во Собранието“ На крајот од последната реченица од ставот 1 се додаваат зборовите “со мандат од четири години“.

–          Во став 2 по зборовите “се формираат“ се додаваат зборовите “од Извршниот одбор“

–          Во став 5 пред зборовите “Начинот на работата“ се додаваат зборовите “Составот, надлежностите и“.

–          Ставот 6 станува став 9

–          По ставот 5 се додаваат нови ставови – 6, 7 и 8 кои гласат: “(6) Деловникот од став 6 на овој член за секоја комисија одделно го носи Собранието на Комората,

–          (7) Начинот на работата на повремените комисии и работните тела, се регулира со деловник за работа кој го носи Извршниот одобор на Комората.

–          (8) Актите поврзани со изборите на органите на Комората и регионалните одбори како и деловникот за работа на Изборната комисија на Коморати, ги носи Собранието на комората и за нив не се применуваат одредбите од став 7 и 8 на овој член.“

Членот 47 станува член 51 со следните измени:

Ставот 1 станува став 2 со следните измени: пред зборот “комисии“ се додава зборот “постојани“, а зборот “Собранието“ се заменува со зборот “Извршниот одбор“, а после зборовите “до Претседателот на Комората“ се додаваат зборовите “и тоа за секој изминат тримесечен период“.

Новиот став 1 гласи: “(1) Претседателите на постојаните комисии поднесуваат предлог план за активности за секој тримесечен период до Извршниот одобор и до претседателот на Комората.“

По ставот 2 се додаваат ставовите 3, 4, и 5 кои гласат:

“(3) Извршниот одобор односно претседателот на Комората, поднесените предлог-планови за активности како и извештаи за работата на комисиите, ги разгледуваат и по истите се произнесуваат.

(4) Претседателите на повремените комисии поднесуваат извештај за работата на комисијата до органот кој ги формирал и тоа најдоцна 8 (осум) дена по истекот на рокот за завршување на задачата за која се формирани.

(5) Органот кој ги формиарал повремените комисии, поднесените извештаи за работата на комисиите, ги разгледува и по истите се произнесува.“

Член 48 станува член 52 со следната измена: Во став 1 зборот “петнаесет “ се заменува со зборот “ осум“. По ставот 1 се додава нов став – 2 кој гласи: “(2) Одредбата од став 1 не се применува на работењето на Изборната комисија.“

Член 45 станува член 53 со следните измени: Во точка 1 на крајот на реченицата се додаваат зборовите “составена од седум (7) члена“

Во точка 2 на крајот на реченицата се додаваат зборовите “составена од пет (5) члена“

Во точка 3 на крајот на реченицата се додаваат зборовите “составена од пет (5) члена“

Во точка 4 на крајот на реченицата се додаваат зборовите “составена од девет (9) члена“

Во точка 5 на крајот на реченицата се додаваат зборовите “составена од пет (5) члена“

Во точка 6 на крајот на реченицата се додаваат зборовите “составена од пет (5) члена“

Во точка 7 на крајот на реченицата се додаваат зборовите “составена од пет (5) члена“

Во точка 8 на крајот на реченицата се додаваат зборовите “составена од пет (5) члена“

Во точка 9 на крајот на реченицата се додаваат зборовите “составена од пет (5) члена“

Во точка 10 на крајот на реченицата се додаваат зборовите “составена од пет (5) члена“

По точката 10 се додава нова точка – 11 која гласи: „.Комисија за доделување средства од Фонд за взаемна помош составена од три (3) члена“

Членовите 49, 50, 51, 52, 53, 54, 55, 56, 57, 58 и 59 се бришат.

Членот 59 станува член 54.

Членот 60 станува член 55 со следната измена: ставот 3 се брише.

Членот 61 станува член 56 со следните измени:

Во точка 1 регионалниот одбор Делчево по зборовите “за подрачјето на општините: Берово“ се додава зборот “Македонска Каменица“

Во точка 2 по зборовите “за подрачјето на општините: Битола“ се додаваат зборовите “Могила, Новаци“

Во точка 3 по зборовите “за подрачјето на општините: Велес“ се додаваат зборовите “Градско и Чашка“

Во точка 4 по зборовите “за подрачјето на општините: Гевгелија“ се додава зборот “Дојран“

Во точка 5 по зборовите “за подрачјето на општините: Гостивар“ се додаваат зборовите “Врапчиште, Маврово и Ростуша“, а по зборот “Дебар“ се додава зборот “Центар Жупа“.

Во точка 6 по зборовите “за подрачјето на општините: Кавадарци“ се додава зборот “Росоман“, а по зборот “Неготино“ се додава зборот “Демир Капија“.

Во точка 7 по зборовите “за подрачјето на општините: Кичево“ се додава зборот “Пласница“.

Во точка 8 по зборовите “за подрачјето на општините: Кочани, Виница“ се додаваат зборовите “Зрновци и Чешиново-Облешево“.

Во точка 9 по зборовите “за подрачјето на општините: Куманово, Крива Паланка, Кратово“ се додаваат зборовите “Ранковце, Старо Нагоричане и Липково“.

Во точка 10 по зборовите “за подрачјето на општините: Охрид“ се додава зборот “и Дебарца“.

Во точка 11 по зборовите “за подрачјето на општините: Прилеп“ се додаваат зборовите “Долнени, Кривогаштани“.

Во точка 13 по зборовите “за подрачјето на општините: Струмица“ се додаваат зборовите “Василево, Босилово и Ново Село“.

Во точка 14 по зборовите “за подрачјето на општините: Тетово“ се додаваат зборовите “Боговиње, Брвеница, Желино, Јегуновце и Теарце,“

Во точка 15 по зборовите “за подрачјето на општините: Штип“ се додава зборот “Карбинци“, а по зборот “Радовиш“ се додаваат зборовите “Конче, Свети Николе, Лозово и Пробиштип.“

Ставот 2 се брише, а на негово место се додаваат точките од 16 до 21 кои гласат:

“16. Регионален одбор Центар за подрачјето на општина Центар,

17. Регионален одбор Карпош за подрачјето на општините: Карпош и Ѓорче Петров и Сарај,

18. Регионален одбор Кисела Вода за подрачјето на општините: Кисела Вода, Сопиште, Студеничани и Зелениково,

19. Регионален одбор Аеродром за подрачјето на општина Аеродром,

20. Регионален одбор Гази Баба за подрачјето на општините Гази Баба, Илинден, Петровец и Арачиново,

21. Регионален одбор Чаир за подрачјето на општините: Чаир, Бутел, Шуто Оризари и Чучер-Сандево.“

Членот 62 станува член 57

Членот 63 станува член 58 со следните измени: во став 1 зборот “најмалку“ се брише. Во став 4 зборот “годишно“ се заменува со зборовите “во три месеци“.

По ставот 4 следи нов став 5 кој гласи: “(5) Работата на регионалните одбори се регулира со деловник за работа кој го носи Собранието на Комората.“

Член 64 станува член 59 со следните измени: зборот “Членовите“ се заменува со зборовите “Кандидатите за членови“

Ставот 2 се брише, ставот 3, станува став 2.

Ставот 4 станува став 3.

Ставовите од 5 до 10 се бришат и на нивно место доаѓаат следните ставови: „(4) Изборот на членовите на регионалните одбори се врши со тајно гласање.“ и “(5) Начинот на избор на регионалните одбори и делегатите во Собранието на Комората се регулира со посебен акт на Собранието на Комората.“

Членот 65 станува член 60.

Членот 66 станува член 61

Членот 67 станува член 62 со следните измени: ставот 2 станува став 3, а се воведува нов став 2 кој гласи: “(2) Секретар на Стручната служба на Комората може да биде лице кое е дипломиран правник со најмалку три години работно искуство во правни работи.“

Ставот 4 станува став 5

Се воведува нов став 4 кој гласи: “(4) Секретарот на Стручната служба се именува од страна на претседателот на Комората по претходно распишан јавен оглас за вработување. “

Во став 5 се воведуваат две нови точки 8 и 9 кои гласат: “ 8. се грижи и ги чува печатот и штембилот на Комората, и“ и “9. врши и други работи во согласност со Статутот и другите акти на Комората.“

По ставот 5 се додава нов став – 6 кој гласи: “(6) За својата работа, секретарот одговара пред претседателот на Комората.“

Член 68 станува член 63

Член 74 станува член 64

Член 75 станува член 65 со следните измени: Во став 2 зборовите “Членарината се утврдува во висина еднаква за сите членови на Комората“ се заменуваат со зборовите “Висината на членарината на годишно ниво со одлука ја определува Собранието на Комората.“

По ставот 2 се додава став 3 кој гласи: “(3) Цените на услугите кои ги врши Комората, се определуваат со посебен акт на Собранието на Комората, на кој согласност дава Министерот за здравство.“

Членот 76 станува член 66

Членот 77 станува член 67

Во поглавјето IX.ВРШЕЊЕ НА ЈАВНИТЕ ОВЛАСТУВАЊА се додава нов член 68 кој гласи: “Јавни овластувања кои согласно Законот за здравствена заштита и се доверени на Комората од страна на Министерството за здравство се:

–       издавање, обновување, продолжување и одземање лиценци за работа;

–       водење регистар на издадени, обновени, продолжени и одземени лиценци;

–       вршење стручен надзор над работата на здравствените установи и здравствените работници;

–       определување едукатори под чиј надзор се спроведува пробната работа на докторите по стоматологија; и

–       донесување општи акти согласно со закон, а со согласност на министерот за здравство.“

Членот 79 станува член 69

Членот 80 станува член 70

Членот 78 станува член 71

По членот 71 се воведува нов член – 72 кој гласи: “(1) Комората во рамки на своето работење, а со цел врешење на јавните овластувања доверени со Законот за здравствена заштита, донесува општи акти согласно со закон, а со согласност на министерот за здравство.

(2) Општите акти од ставот 1 на овој член се носат согласно одредбите на глава XIII од овој Статут.“

Членот 81 станува член 73

Членот 82 станува член 74

Членот 83 станува член 75

Членот 84 станува член 76

Членот 85 станува член 77

Членот 86 станува член 78

Членот 87 станува член 79

Членот 88 станува член 80 со следната измена: се воведува став 2 кој гласи: “(2) Комората во соработка со Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, други инстутуции или самостојно издава материјали за промотивни кампањи, промоција и афирмација на оралното здравје и негова профилакса.“

Членот 89 станува член 81 со следните измени: во точка 13 зборовите “за континуирана стоматолошка едукација и усовршување и“ се бришат.

Точката 19 станува точка 20, а истата се менува и гласи: “Правилник за доделување на средства од Фонд за взаемна помош“

После став 1 се додава нов став – 2 кој гласи: “(2) Актите на Комората се објавуваат на интернет страницата на Комората.“

Членот 90 станува член 82 со следните измени: во ставот 2 зборовите “и коментари од членовите на Комората“ се заменуваат со зборовите “давање предлози, идеи и забелешки од членовите на Комората. Периодот за разгледување и давање предлози, идеи и забелешки од членовите на Комората трае 30 (триесет) дена.“

Ставот 3 станува став 4, а се воведува нов став 3 кој гласи: “(3) Откако работниот текст на Статутот ќе се објави на интернет страница на Комората, членовите на Комората своите предлози и забелешки ги доставуваат на е-маил адреса на претседателите на нивните регионални одбори, во рокот определен од ставот 2 на овој член, кои потоа во рок од 8 (осум) дена по истекот на рокот од став 2 на овој член, истите ги доставуваат до Статутарната Комисија.“

Ставот 4 станува став 5.

Членот 91 станува член 83

Членот 92 станува член 84

Членот 93 станува член 85 со следната измена: ставот 4 се брише.

Членот 94 станува член 86

Членот 95 станува член 87

Членот 96 се брише

Членот 97 станува член 88 со следната измена: по зборовите “Стоматолошката комора на Македонија“ се додаваат зборовите “од 22.12.2012 година, а зборот “бр. 15/2010 се заменува со зборот “бр. —/2013 година.

Се додава нов член – 89 кој гласи: “Овој Статут влегува во сила со денот на неговото донесување, а ќе се применува по уписот во Централниот регистар на Република Македонија.“

Јавете се

+389 2 3246 852

Порака

skm@skm.mk

Посетете не

ул. Балзакова бр. 32, Скопје

Банка

Комерцијална Банка 300000000477179

X