• skm@skm.mk
  • Пон - Пет 8-16 ; Прием на странки од 10-15
  • Објавено на јуни 2, 2014

КОМИСИЈА ЗА ЕКОНОМСКИ ПРАШАЊА (02.06.2014)

Членовите на Комисијата направиле преговори со некои правни субјекти од кои било побарано Комората да достави урнек на договор, барање или сличен документ врз основа на кој ќе може да се договори попустот. Комисијата одлучи да се направи унифициран документ – договор или барање со кое тие обезбедуваат попусти за своите членови. Во рок од два дена да се достави документот до сите членови на Комисијата и истиот да се приложи на следниот состанок на Извршниот одбор за разгледување и одобрување. Исто така Комисијата да побара од Извршниот одбор да го усвои нејзиниот предлог за намалување на чланарината од 1.500,00 на 1.200,00 денари. Комисијата утврди временска рамка од 10 дена за обезбедување на попусти кај правните субјекти од страна на членовите на Екононската комисија, Извршниот одбор и претседателите на регионалните одбори на Комората.

Членовите на Комисијата ги разгледаа финансиските планови по кои се работело во Комората во изминатите години. Бидејќи за 2013 година предходниот состав на Собранието на Комората нема изготвено финансиски извештај, планот ќе треба да се направи врз основа на проектирани приходи и расходи за оваа година земајќи ги предвид потребите за тековно функционирање на Комората и некои вонредни расхоид за оваа година (Конгресот на К4 и сл.).   Исто така претседателот на Комисијата д-р Ивановски за следниот состанок треба да даде предлози за формирање на нов ценовник на рекламите што се објавуваат во гласилото на Комората.

Јавете се

+389 2 3246 852

Порака

skm@skm.mk

Посетете не

ул. Балзакова бр. 32, Скопје

Банка

Комерцијална Банка 300000000477179

X