• skm@skm.mk
  • Пон - Пет 8-16 ; Прием на странки од 10-15
  • Објавено на септември 20, 2018

ОБУКА И ПРОВЕРКА НА ЗНАЕЊАТА

ОБУКА И ПРОВЕРКА НА ЗНАЕЊАТА

Докторот на стоматологија на кој му е привремено одземена лиценцата за работа како и докторот на стоматологија на кој привремено му е продолжена лиценцата за работа може повторно да се стекне со лиценца за работа ако успешно ја заврши програмата за дополнителна обука и проверката на стручните знаења и способности.

По истекот на роковите утврдени со решението за продолжување односно одземање на лиценцата за работа, докторот на стоматологија поднесува Пријава за обука и проверка на стручните знаења и способности (ПРЕВЗЕМИ).

  • Кон барањето се приложуваат следните документи:
  1. Стажантска книшка за помината дополнителна обука во времетраење од 30 дена, во соодветната област (општа стоматологија или специјалност/супспецијалност)
  2. Приказ на случај од стоматолошка пракса
  3. Уплата за испитот за проверка на стручните знаења и способности во износ од:
  • 10.500,00 денари доколку докторот се стекнал со предвидениот број на бодови од КСУ(140), но не го исполнил условот од најмалку 60% од времето на важноста на лиценцата, да работи во стоматолошка здравствена заштита
  • 25.000,00 денари доколку докторот исполнил условот од најмалку 60% од времето на важноста на лиценцата да работи во стоматолошка здравствена заштита, но не се стекнал со предвидениот број на бодови од КСУ(140)
  • 36.000,00 денари доколку докторот не исполнува ниту еден од условите за обновување на лиценцата за работа или доколку докторот добил решение за привремено одземање на лиценцата за работа

По положувањето на испитот за проверка на знаења, докторот добива уверение за положен испит за проверка на знаења, со кое може да ја подигне лиценцата за работа, при што треба да достави:

  1. Барање за обновување на лиценца за работа по спроведена дополнителна обука и проверка на стручни знаења и способности (ПРЕВЗЕМИ)
  2. Уверение за успешно завршена дополнителна обука и проверка на стручни знаења и способности
  3. Уплатница во износ од 3200,00 денари за обновување на лиценцата за работа, по спроведена обука и проверка на стручните знаења и способности (пример за налог ПП10 за обнова на лиценца)

ВАЖНО!

Докторите на стоматологија на кој им била одземена лиценцата за работа во времетраење од 1 месец, а потоа положиле испит за проверка на стручните знаења и способности, мора да ја подигнат својата лиценца за работа најдоцна во рок од 2 (две) години од денот на положувањето на испитот за проверка на стручните знаења и способности. До колку не ја подигнат лиценцата во овој рок, повторно ќе бидат задолжени да поминат обука во времетраење од 30 дена и да полагаат испит за проверка на стручните знаења и способности.

 

 

Јавете се

+389 2 3246 852

Порака

skm@skm.mk

Посетете не

ул. Антон Попов бр.1-4/5, Скопје

Банка

Комерцијална Банка 300000000477179

X