• skm@skm.mk
  • Пон - Пет 8-16 ; Прием на странки од 10-15
  • Објавено на април 29, 2014

ЗАПИСНИК Комисија за информативно издавачка и пропагандна дејност (29.04.2014)

Записник од седница на Комисија за информативно издавачка и пропагандна дејност одржана на 29.04.2014 во просториите на Стоматолошката комора на Македонија

На седницата присуствуваше назначениот член од ИО за оваа Комисија, д-р Џељаљ Ибраими, а отсутен беше членот д-р Валдет Исеини.

Состанокот го отпочна проф.д-р Мирјана Поповска која најпрвин им заблагодаи на делегатите на Собранието и пред се на претседателот на Комората за дадената доверба како членови на Комисијата за информативно издавачка и пропагнандна дејност, со надеж за взаемна плодна соработка.

По однос на предлог-дневниот ред за првата комисиска седница, професор Поповска ги изнесе следните три точки:

1.Дефинирање на концепт за работа на Комисија за издавачкаинформативно – пропаганднадејност за 2014 година

2.Промени во содржината и изгледот на Стоматолошкиот информатор на Стоматолошката комора

3.Разно

Предлог-дневниот ред бешеедногласно усвоен.

ЗАПИСНИК

1.По однос на првата точка, концептот за работа на Комисијата, како што истакна професор Поповска, ќе биде насочен не само во насока на редизајнирање и содржинска промена на Стоматолошкиот информатор туку и пошироко. Доколку се констатираат дополнителни изданија, брошури, стручни книги од интерес за стоматологијата или флаери и издавачка дејност, може да биде и дополнета.

Во своето излагање таа изнесе дека заедно со претседателот на Комората го имаат детално разгледано Стоматолошкиот информатор и заклучено дека гласилото на Комората треба да претрпи измени и тоа, како приоритетни задачи на Комисијата за издавачка дејност се јавуваат:

-Да се концепираат помошните тела, односно да се оформи уредувачкиот одбор и издавачкиот совет.

Бидејќи двете работини тела на Информаторот се обемни, на првата седница ќе се дефинира уредувачкиот колегиум, а издавачкиот совет ќе се конституира следната седница. Таа истакна дека пред две години е формиран уредувачкиот одбор сомеѓународен карактер. Според Законот за издавачка дејност, како што објасни професор Поповска, 60% од членовите на уредувачкиот одбор треба да се од надвор (странство) за да има гласилото меѓународен карактер.

Одлука:

Меѓународно научно списание во смисла на Законот е списание кое има меѓунероден уредувачки одбор во кое учествуваат најмалку 5 земји при што бројот на членови од една земја не смее да биде поголем од 40% од вкупниот број на членови и кое се издава најмалку 5 години непрекинато и најмаку 10 изданија во последните години.

Комисијата го приложи следниот соста на уредувачки одбор: д-р Дијана Трелавиќ (Словенија), д-рСеад Реџепагиќ (БиХ), д-р Наташа Јакоbа (Србија) д-р Васка Вандевска-Радуновиќ (Норвешка), д-р Ана Aнгелова Волпони (УК), д-р Кристина Попова (Бугарија), д-р Розарка Будина (Албанија), д-р Чилијана Тоти (Албанија), д-р Владимир Поповски (Р.Македонија), д-р Даница Поповиќ (Р.Македонија), д-р Лидија Поповска (Р.Македонија), д-р Цена Димова (Р.Македонија). На седницата беше усвоен предлогот на д-р Ибраими, уредувачкиот одбор да се дополни со уште еден доктор на стоматологија предложен од стоматолошко друштво на Албанците.

Одлуката на Комисијата беше едногласно усвоена.

Одлука:

Исто така, Комисијата за информативно издавачка и пропагандна дејност одлучи функцијата главен уредник на списанието на Стоматолошката комора да ѝ ја довери на проф.д-р Мирјана Поповска. Предлогот беше едноглчасно прифатен.

Одлука:

Во рамките на нејзините ингеренции Комисијата едногласно се согласи технички уредник на списанието на списанието да биде Ристе Недановски , a графичката обработка и дизајнот да ја извршува – Октај Омерагиќ.

За следната седница на Комисијата останува да се дефинира кој ќе го лекторира гласилото и во која печатница ќе се печати.

Одлука:

Во текот на работењето на Комисијата за предложи во гласилото на Стоматолошката комора да се публикуваат два до три стручни труда кои не треба да бидат од научен карактер туку од праксата. Комисијата смета дека на стоматолозите им се потребни апликативни содржини и искуства со кои би се збогатиле информациите применливи во секојдневната практична работа во стоматолошките ординации. Токму преку ова широко дистрибуирано списание може новините од пракса да станат достапни за колегите од сите профили.

Во контекст на оваа точка од дневниот ред се одлучи дејноста да биде проширена со можност на брошури и стручни книги ако се консѕтатира дека има потреба од тоа.

Доктор Ибраими настапи со предлог, наместо претставници од Извршниот одбор да бидат назначувани за координација со постојаните комисии на Комората, претседателите на комисиите да присуствуваат на седниците на ИО (на секоја седница претседател од различна комисија) и на тој начин Извршниот одбор да биде информиран за работењето на комисиите и за она што е неопходно да се преземе во врска со поефикасно функционирање или дејствување на некоја од комисиите потпомогнати од Извршниот одбор.

Едногласно беше усвоен предлогот на д-р Ибраими со напомена, истиот да оди како предлог на Комисијата за издавачка и информативна пропагнада до Извршниот одбор.

2.По однос на втората точка Комисијата заклучи дека е неопходна освежување и мала промена во содржината на Информаторот. Како што кажа претседателот на Комисијата, професор Поповска, од разговорите со претседателот на Комора е дојдено до заклучок дека постоечкото списание нема само информативен карактер туку има и стручна и апликативна содржина, оттука произлегува и нужноста за промена на името на Инфото. Се задолжуваат сите членови на оваа Комисија на наредната седница да дадат предлози за новото име на гласилото, од коишто ќе биде одбран најсоодветниот.

Со оглед што се констатираше дека постојат одредени пропусти во дистрибуцијата на списанието па постојат поплаки од одредени колеги дека списанието не го добиваат редовно дека списанието не го добиваат редовно или воопшто, Комисијата со следниот предлог.

Одлука:

-На web-страницата на Стоматолошката комора да има објава каде колегите кои наидуваат на овие тешкотии да ги ажурираат своите податоци со цел да бидат активно вклучени во пописот на имињата на кои треба да им биде доставено списанието. Истото да го направат и претседателите на регионалните одбори на СКМ да ја преземат истата задача по однос на ажурирањето на податоците на членството со цел, Стоматолошкиот информатор да го добиваат на домашна адреса без пречки.

Одлуката беше едногласно донесена.

Одлука:

Претседателот на Комисијата, проф. Поповска, предложи содржинска промена на списанието. Имено,Стоматолошкиот информатор да биде поделен во три рубрики:

-Рубрика во која ќе бидат објавувани тековни работи во делокругот на коморското работење, барања на Стоматолшката комора упатени до институции со цел подобрување на одредени услови и решавање на проблеми со кои се соочува членството или средби на Комората со други сродни институции од земјата и странство, планиран проекти и слично. Оваа рубрика да биде резервирана за активности, новини, за комерцијални текстови, настани и сл., од интерес за стоматолошката фела.

-Во стручната рубрика продесор Поповска предложи да се се објавуваат стручни трудови на докторите на стоматологија, кои ќе подлежат на двојна рецензија.

Во третата, под името “вреди да се напомене”би се претставувале нови изданија на книги, стручни монографии, а во неа би било оформено и т.н. “правно катче” во кое ќе се објавуваат законски промени важни за фелата но и совети и одговори на најчесто поставувани прашања од страна на колегите, како и катче за доктори на стоматологија кои имаат посебни заслуги во стоматологијата.

Во еден дел од списанитето пожелно би било да пoстои и упатство за начинот на приготвување на стручните текстови за истите да бидат унифицирани по однос на цитираната литература, нaчин на подготвување на сликите, видот на фонтот и сл.

На седницата на Комисијата беше предложено, на колегите кои имаат објавено труд во Инфото истиот да им се бодира соодветно на одлука и правилник донесени од Комисија за стручни прашања во чија надлежност е бодирањето. Едногласно беше предложена идејата списанието да се печати трипати годишно, во април-септември-декември.

3.Следеше точка разно каде доктор Џељаљ истапи со со барање во Инфото да се печатат текстови и на албански јазик.

По исцрпениот дневен ред професор Мирјана Поповска ја затвори седницата.

Записничар

Јасминка М Јанева

Претседател на Комисија за информативно издавачка и пропагандна дејност

Проф.д-р Мирјана Поповска

Јавете се

+389 2 3246 852

Порака

skm@skm.mk

Посетете не

ул. Балзакова бр. 32, Скопје

Банка

Комерцијална Банка 300000000477179

X