• skm@skm.mk
  • Пон - Пет 8-16 ; Прием на странки од 10-15
  • Објавено на март 28, 2017

Известување за доктори по стоматологија кои работат без лиценца

Стоматолошката комора на Македонија, има сознанија дека одредени доктори по стоматологија работат без лиценца за работа издадена од Стоматолошка комора на Македонија, односно нелегално работат спротивно на Законот за здравствена заштита и соодветните подзаконски акти.

Стоматолошката комора на Македонија врз основ на одлуката на Собранието одржано на 28.03.2017 година, апелира до сите доктори по стоматологија кои работат без лиценца за работа или по било кој друг основ нелегано работат, најдоцна до 30.04.2017 година да покренат постапка за стекнување со лиценца за работата односно започнат активност за работење согласно законските прописи.

Доколку докторите по стоматологија не се јават на овој повик и не го испочитуваат дадениот рок односно нема да покренат постапка за стекнување со лиценца за работата односно работење во рамки на законот или не прекинат со нелегална работа, Стоматолошката комора на Македонија ќе покрене постапка против тие доктори и истите ќе бидат повикани пред Обвинителот на Комората, Судот на честа, Комисијата за етика и деонтологија, а за истото ќе ги информира соодветните институции односно Државниот санитарен и здравствен инспекторат при Министерството за здравство на Република Македонија.

Стоматолошка комора на Македонија

Претседател

Проф. д-р Владимир Поповски

Јавете се

+389 2 3246 852

Порака

skm@skm.mk

Посетете не

ул. Балзакова бр. 32, Скопје

Банка

Комерцијална Банка 300000000477179

X