• skm@skm.mk
  • Пон - Пет 8-16 ; Прием на странки од 10-15
  • Објавено на август 23, 2017

НАГРАДЕНИ НАЈДОБРИТЕ СТУДЕНТИ ЗА 2016 ГОДИНА

Претседателот на Стоматолошка комора на Македонија ги награди најдобрите студенти за 2016 година

На ден 23.08.2017 година во просториите на Стоматолошка комора на Македонија се одржа мала церемонија на која беа повикани најдобри студенти за 2016 година избрани од страна на Комисијата за доделување на награди по завршување на Конкурсот за избор на најдобар студент за 2016 година. Овој конкурс беше објавен на сите 4 акредитирани стоматолошки факултети во Р. Македонија, но учество земаа само Стоматолошкиот факултет – Скопје, Универзитетот “Гоце Делчев“ – Штип и Европскиот Универзитет на Република Македонија. Претседателот на Стоматолошката комора на Македонија, проф. д-р Владимир Поповски им додели пофалници на избраните студенти и со тоа студентите добија ослободување од плаќање на стручниот испит за стекнување на лиценца за работа.

Со ваквиот вид на награда, Стоматолошката комора на Македонија сака да ги поттикне сите сегашни и идни студенти на стоматолошките факултети во Р. Македонија да си ја сакаат повеќе својата професија и да бидат уште поуспешни во истата. Наградите за најдобри студенти за 2016 година ги добија:

– Д-р Имране Бељури од Стоматолошки факулет – Скопје

– Д-р Соња Роголева од Универзитет ’Гоце Делчев’ – Штип

– Д-р Елена Митревска од Европски Универзитет на Република Македонија

– Д-р Марко Младеновски од Стоматолошки факулет– Скопје доби благодарница за активно учество и придонес во повеќе активности на Комората.

 

Јавете се

+389 2 3246 852

Порака

skm@skm.mk

Посетете не

ул. Балзакова бр. 32, Скопје

Банка

Комерцијална Банка 300000000477179

X