• skm@skm.mk
  • Пон - Пет 8-16 ; Прием на странки од 10-15
  • Објавено на април 26, 2020

РАСПОРЕД ЗА МАЈ 2020 и ОБРАЌАЊЕ НА КРИЗНА ГРУПА

ПОЧИТУВАНИ,

ВЕ ИНФОРМИРАМЕ ЗА РАСПОРЕДОТ  ЗА СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ , ИАКО РЕАЛНО Е ДА ОЧЕКУВАМЕ ДЕКА ВО ПОЧЕТОКОТ НА МЕСЕЦ МАЈ СОСТОЈБАТА СО КОВИД 19 НЕМА ДА ТРГНЕ ВО НЕПОСАКУВАНА НАСОКА И ДЕКА ЌЕ МОЖЕ ЗА КРАТКО ВРЕМЕ  ДА ДОСТАВИМЕ БАРАЊЕ ДО КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ И МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ЗА ВРАЌАЊЕ НА СТОМАТОЛОШКИОТ ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ ВО НОРМАЛЕН РЕЖИМ НА РАБОТЕЊЕ.

НО,  СИТЕ НИЕ ОД КРИЗНА ГРУПА, А ВЕРУВАМЕ И СИТЕ ВИЕ  СМЕ ПОТПОЛНО СВЕСНИ ДЕКА:

– НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА МОЖЕ ДА РАБОТИМЕ КАКО ШТО ВОГЛАВНО РАБОТЕВМЕ ПРЕД ЕПИДЕМИЈАТА СО КОВИД 19

– НЕ ТРЕБА ДА ЈА ЧЕКАМЕ ОБЈАВАТА ЗА ДЕНОТ КОГА НАШИТЕ ОРДИНАЦИИ ТРЕБА ДА ГИ ОТВОРИМЕ И НЕ ТРЕБА ДА РАЗМИСЛУВАМЕ ДАЛИ ТРЕБА, ШТО ТРЕБА И КАДЕ ТРЕБА ДА СЕ ОБЕЗБЕДИМЕ СО СРЕДСТВА И ОПРЕМА  ЗА ЛИЧНА И КОЛЕКТИВНА ЗАШТИТА  ТУКУ РЕСТАРТИРАЊЕТО ТРЕБА ДА ГО ЧЕКАМЕ СПРЕМНИ  И ДА ЈА ПРАКТИКУВАМЕ СТОМАТОЛОГИЈАТА СО НАЈМАЛ МОЖЕН РИЗИК ПО НАШЕТО,  НО И ПО ЗДРАВЈЕТО НА НАШИТЕ ПАЦИЕНТИ И ЦЕЛОКУПНОТО НАСЕЛЕНИЕ

– НЕ ТРЕБА НИКОГАШ ПОВЕЌЕ ДА ГИ ЗАБОРАВИМЕ  ПРОТОКОЛИТЕ ЗА РАБОТА  ВО УСЛОВИ  НА КОВИД 19  ЗОШТО СИГУРНО СТЕ СВЕСНИ ДЕКА ВИРУСОТ  НЕМА ВОЛШЕБНО ДА ГО СНЕМА И ДЕКА УШТЕ ДОЛГО ЌЕ Е ПРИСУТЕН И ЌЕ ПРЕТСТАВУВА ОПАСНОСТ  ПРЕД СЕ ВО НАШАТА, СТОМАТОЛОШКАТА ДЕЈНОСТ

 

РАСПОРЕД ЗА МЕСЕЦ МАЈ 2020

 

Јавете се

+389 2 3246 852

Порака

skm@skm.mk

Посетете не

ул. Балзакова бр. 32, Скопје

Банка

Комерцијална Банка 300000000477179

X