- Објавено на јули 6, 2017
Состанок со Институтот за сметководители
На ден 06.07.2017 година во просториите на Лекарска комора на Македонија беше одржан состанок помеѓу претседателите на Стоматолошка комора, Лекарска комора и Фармацевтска комора со претставници од Институтот за сметководители.
На овој состанок беше разгледуван предлогот за утврдување на минималниот надомест за месечните трошоци за давање книговодствени услуги донесен од ИСОС. Ставот на трите комори е правење ревизија и укажано е дека нивните ставови се некоректни. Од СКМ е побарано да се даде период на адаптација за примена на критериумите за утврдување на цените на сметководствените услуги во наредниот период. Следниот состанок е закажан за крајот на август месец со Управниот одбор на ИСОС. По однос на ова се замолуваат колегите да не потпишуваат обврзувачки договори со сметководителите додека не се донесе конечна одлука во преговорите со нив која ќе биде поволна за сите колеги.
Со почит,
Стоматолошка комора на Македонија
Претседател
Проф. д-р Владимир Поповски