• skm@skm.mk
  • Пон - Пет 8-16 ; Прием на странки од 10-15
  • Објавено на март 23, 2014

ЗАПИСНИК ОД КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА (23.03.2014)

Собраниската седница ја отвори д-р Патар Чакар, како еден од потписниците на иницијативата за свикување на седницата кој го повика најстариот член од новиот собраниски состав, д-р Владо Блажиќ – делегат од Регионален одбор од Битола, да ја отпочне седницата.

Доктор Блажиќ, пред стартот на конститутивната седница, констатираше дека од вкупно 49 делегати колку што треба да има собранискиот состав на СКМ, во салата се присутни 45 членови со уверенија за делегати на Собранието на Стоматолошката комора и дека со тоа е овозможено мнозинството за носење на собраниските одлуки.

Предлог-дневниот ред ставен на гласање:

1.Усвојување на дневен ред

2.Избор на претседавач и Работно претседателство за собраниската седница

3.Избор на Верификациона комисија на Комората

4.Верификација на мандати за делегати на Собранието на Комората

5.Избор на Претседател на Стоматолошка комора на Македонија

6.Разно

ЗАПИСНИК

1.Едногласно усвоен предлог-дневниот ред со што истиот станува дневен ред.

2. Избор на Работно претседателство за собраниската седница.

Доктор Благој Петров со предлог: д-р Круме Чесноски (како претседавач на Работното претседателство), а како членови д-р Александар Герогиевски, д-р Петар Чакар, д-р Наташа Петреска и д-р Џељаљ Ибраими.

Со 43 гласа “за” и два гласа воздржани, Работното претседателство – избрано.

3.Работното претседателство со најава за третата точка од дневниот ред – избор на Верификациона комисија на СКМ.

Предлог: Д-р Маријан Денковски (претседател на комисијата), а како членови д-р Владо Јорданов и д-р Арбен Емини.

Доктор Оливер Манасиев со предлог, предлогот за членовите на Верификационата комисија да не бидат давани во пакет, туку секој доктор, делегат на Собранието, да добие право да даде предлог за член на Комисијата.

Предлогот за членови на Верификациона комисија да бидат докторите: д-р Маријан Денковски (претседател на комисијата) и д-р Владо Јорданов и д-р Арбен Емини како членови се става на гласање.

Со 41 глас “за” и четири воздржани, предлогот усвоен.

Работното претседателство дава 10 минути пауза во којашто Републичката изборна комисија и Верификационата комисија треба да се повлечат за двете комисии да се координираат по однос на констатирање на мандатите и верификување на мандатите на делегатите на Собранието по што пред делегатите треба да поднесат извештај.

4. Верификување на мандатите на делегатите на Собранието.

Доктор Маријан Денковски, претседател на Верификационата комисија, го поднесе извештајот по спроведената координација со Републичката изборна комисија.

Тој истакна дека до Верификационата комисија е пристигнат само еден приговор по однос на мандатот на д-р Гордана Филиповска од регионален одбор Кавадарци/ Неготино која има ист број на добиено гласови на регионалниот избор со д-р Жарко Георгиев. По разгледувањето на приговорот од д-р Георгиев, кој до Републчката изборна комисија бил поднесен на ден 03.03.2014 година било заклучено дека нови докази по однос на жалбата не биле доставени освен оние врз кои Републичката изборна комисија веќе ја има донесено Одлуката, Верификационата комисија ја потврдува Одлуката на Републичката изборна комисија.

-Потпишување на свечена изјава од страна на делегатите на Собранието.

-Претседателот на Работното претседателство на седницата, д-р Чесноски, констатира дека се верифицирани 45 мандати на делегатите на Собранието и дека е овозможено рамноправно да се одлучува по однос на процесот избор на Претседател на Комората.

5.Според Решението на Републичката изборна комисија Комората има само еден кандидат за претседател на СКМ-проф.д-р Владимир Поповски.

Републичката изборна комисија се повлекува за да ја подготви процедурата за избор на Претседател на Комората, а кандидатот за претседател на Стоматолошката комора на Македонија, проф.д-р Владимир Поповски, ја изнесува својата програма за работењето на Комората за следниот четиригодишен мандат.

Проф.д-р Владимир Поповски, во своето обраќање до делегатите на Собранието, истакна дека му преставува особена чест оваа кандидатура за претседател на Стоматолошката комора. Тој најави повеќе измени во однос на работењето на Комората и тоа по однос на нејзиното етаблирање меѓу институциите во државата и заземањето на местото на рамноправен партнер на Министерството за здравство на РМ и Фондот за здравствено осигурување на РМ. Поактивно вклучување на Комората во уписната политика на сите факултети по стоматологија во државата, заострување на критериумите за полагање на стручен испит на докторите по стоматологија, намалување на цената за обука и проверка на знаењата на докторите на стоматологија кои по законската регулатива не ги исполниле условите за обновивање на лиценцата, влијание кај организаторите на стручни собири за лимитирање на највисоката цена на стручните собири, измена на Правилникот за контитуирана стоматолошка едукација, вработување на правник во Стручната служба на Комората итн.

Искажувајќи искрена благодарност до сите кои ја поддржале неговата кандидатура, проф.д-р Владимир Поповски го заврши обраќањето.

-Се приоѓа кон тајно гласање, по што Републичката изборна комисија се повлече за да спроведе пребројување на гласачките ливчиња за избор на Претседател на Комората.

По пребројувањето на гласачкиот материјал Републичката изборна комисија пред делегатите на Собранието поднесе извештај:

Од 49 верификувани мандати гласале 45 присутни делегати на конститутивната собраниска седница.

Од нив, “ЗА” гласале 43 делегати.

“ПРОТИВ” гласале двајца делегати.

Со ова е констатирано дека во следниот четиригодишен мандатен период за Претседател на Стоматолошката комора е избран проф.д-р Владимип Поповски на кој воедно му се честита функцијата.

-Откако изрази голема благодарност за изразената доверба и поддршка и вети дека ќе ја оправда довербата што му ја дадоа членовите на највисокиот орган на комората, професор Поповски ги предложи д-р Марија Андоновска и д-р Сабетим Черкези за потпретседатели на Комората.

Предлогот за потпретседатели на Стоматолошката комора едногласно усвоен по што д-р Марија Андоновска и д-р Сабетим Черкези стануваат потпретседатели на СКМ.

6.Под разно: доктор Јосиф Трајковски му го честиташе изборот на професор Поповски и на двајцата потпретседатели на Комората и ја потенцираше големата одговорност на претседателот на Комората и на целиот нов состав на Собранието да се спроведе програмата за работа на Комората поднесена од претседателот на СКМ.

Претседавач со Работно претседателство на Собранието

Д-р Круме Чесноски

Јавете се

+389 2 3246 852

Порака

skm@skm.mk

Посетете не

ул. Балзакова бр. 32, Скопје

Банка

Комерцијална Банка 300000000477179

X