• skm@skm.mk
  • Пон - Пет 8-16 ; Прием на странки од 10-15
  • Објавено на март 14, 2021

ZOOM ОТВОРЕНО – Продолжуваме со директна комуникација!!!

Почитувани колеги,
Продолжуваме со директна комуникација!!!
Вакцинацијата започна! Истатa се одвива само во Скопје и во соработка со МОЈ ТЕРМИН и Министерството за здравство.
Постојат многу Ваши прашања кои мора да добијат одговор од најрелевантните од Комората, пред се од членовите на Кризната група на Комората, предводена од претедателот на Комората др Маријан Денковски.
Прашањата не мора да се однесуваат само од областа на имунизацијата, туку и од некои други области кои Ве засегаат, а се во статутарна ингеренција на Комората.
На ден 17.03.2021 година со почеток во 12.00 часот ќе можете да ги добиете сите одговори, на сите Ваши прашања, за сите теми кои Ве засегаат.
 
09.00 – 12.30—————-РЕГИСТРАЦИЈА
09.00 – 12.30  Поставување на прашања во CHAT и  Q&A
12.30 – Обраќање на членови на Кризна група и одговарање на Вашите прашања
Вакцинацијата на стоматолози, членови на нивниот тим е неопходна и истата не смее да трпи одлагање!

На ден 17.03.2021 година со почеток во 12.30 часот ќе можете да ги добите сите одговори, за сите теми кои Ве засегаат.

ЛИНК: https://us02web.zoom.us/j/81079938148?pwd=NEsvMy9zcENicTNTOXc4WGZWSXlLZz09

Средбата ќе започне во 12.30 часот, а ќе заврши кога ќе се исцрпат сите теми за кои е има прашања.
По завршување на средбата снимката од ќе биде поставена на  веб страна на Комората за да може, доколку ги интересира, да ја видат и оние колеги кои нема да се во можност од различни причини да се вклучат во живо.
Стоматолошка комора на Македонија, ќе објави линк на ZOOM средба на Веб стрaната и на Facebook.


Средбата ќе е затворена и само за членовите на Комората и на истата ќе може да се вклучат сите заинтересирани членови на Комората.
Секој кој е заинтересиран да постави прашање, може да го постави пред средбата на службениот меил на Комората    (e-mail:  skm@skm.mk), но и за времетраење на средбата (во CHAT или Q&A) по што ќе добијат одговор.
Регистрацијата е слободна за сите членови кои ќе треба да се регистрираат преку својот меил и само со бројот на лиценца, без обврска да го ставаат своето име и презиме при  поставување на  прашање.
Ве очекуваме и ги очекуваме Вашите прашања за нештата да станат појасни,
Кризна Група на СКМ
Техничка поддршка (на моб.телефон, Viber):
Aлександар Маркозанов    075 27 32 38
e-mail:  skm@skm.mk
Јавете се

+389 2 3246 852

Порака

skm@skm.mk

Посетете не

ул. Балзакова бр. 32, Скопје

Банка

Комерцијална Банка 300000000477179

X