
На ден 17.09.2025 год. почина Д-р Ивица Симоновски, кој е роден на 08.03.1976 год.
Средното образование го завршува во СМУГС “Д-р Панче Караѓозов” во 1994 год. и
се запишува на Стоматолошкиот факултет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Повеќе
од 20 години работеше активно како почитуван стоматолог.
Д-р Ивица не само што е почитуван од неговите пациенти, но и од колегите,
пријателите и најблиското семејство вклучувајќи ги родителите и децата. Тој
беше една многу искрена и добродушна личност која пред се, беше прекрасен
човек, а потоа прекрасен доктор, татко, син, брат и пријател.
Засекогаш ќе остане во нашите срца и сеќавања.
Нека му е лесна земјата.






