
На ден 17.06.2025 година, на 65-годишна возраст спец. д-р Слободан Стефановски, доктор на стоматологија – специјалист по орална хирургија од Скопје.
Д-р Стефановски е роден на 03.07.1959 година во Скопје. Дипломирал на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1984 година. На истиот факултет завршил специјализација по орална хирургија во 2004 година. Работниот век го започнал како доктор по стоматологија во ЈЗУ „Здравствен дом Скопје“, а подоцна и во сопствената специјалистичка ординација по орална хирургија ПЗУ „Слободан Стефановски “ во Скопје.
Со својата исклучителна стручност како и професионален однос, се стекнал со огромна почит кај колегите и пациентите.
Погребот ќе се изврши на Градските гробишта Бутел на 19.06.2025 четврток во 11 часот.
Стоматолошката комора на Македонија изразува длабоко сочувство до семејството, колегите и пријателите на д-р Слободан Стефановски.