Почитувани,
Ве известуваме дека Комисијата за стоматолошка етика и деонтологија формирана со Решение бр. 17-4931/62 oд 06.10.2025 година, од страна на Министерот за здравство на РСМ, во состав:
- проф. д-р Сашо Јовановски, претседател на Комисијата,
- доц. д-р Ванчо Спиров, заменик за претседателот на Комисијата
- проф. д-р Јулијана Николовска
- д-р Арбен Емини
- д-р Флорим Шишко
ги заврши сите претходно доставени предмети до Стоматолошката комора на Македонија, поврзани со издавање, обновување и продолжување на лиценците за работа на докторите на стоматологија, заклучно со 7-мата седница на Комисијата, одржана на 26.12.2025 година.
Сите завршени предмети се доставени до Секторот за стоматолошка здравствена заштита при Министерството за здравство на РСМ од каде ќе можe да се подигнат лиценците за работа, откако докторите ќе бидат контактирани од страна на министерството (телефонски или со смс порака).
За сите дополнителни информации, техничка поддршка или прашања поврзани со постапката, може да остварите контакт со Стоматолошката комора на Македонија преку официјалните контакт-податоци објавени на нашата веб-страница како и на следните e-mail адреси:




