Името на Македонија сега силно одекнува на светската стоматолошка сцена.
За првпат од осамостојувањето, а воедно и како прв претставник од земјите на поранешна Југославија во последните 40 години, избран е македонски кандидат во највисоките тела на Светската стоматолошка федерација (FDI) – организација што обединува околу 200 национални стоматолошки асоцијации.
Д-р Маријан Денковски, член на Стоматолошката комора на Македонија (Macedonian Dental Chamber), на Генералното собрание на ФДИ во Шангај, Кина, со поддршка на сите комори и асоцијации во поширокиот регион, победи на изборите за член на Комитетот за стоматолошка практика (FDI Dental Practice Committee) во конкуренција со осум противкандидати од многу поголеми и влијателни држави – меѓу кои Кина, Турција, Костарика, Русија, Португалија и други.
Ова претставува историски момент за македонската стоматологија и нејзината позиција и угледот на светската сцена.
За Стоматолошката комора на Македонија, „невозможно“ е само збор на хартија – сè друго е можно со многу труд и работа.
