Делегацијата на Стоматолошката комора на Македонија, Претседателот  на Комората  Д-р Маријан Денковски и Заменикот на претседателот  на Комората  Доц. Д-р Кенан Ферати на покана на EESC (European Economic anf Social Committee) / Европската комисија за економија и социјала на Европската унија  во Брисел, Белгија  од 26-27.11.2018 година присуствуваше  на сесијата на комисијата со тема „ Ден на либерални професии“,  каде припаѓа и стоматолошката професија.

На седницата се разговараше за идните чекори околу раздвојување на здравствените професии од другите професии во рамките на Европска унија, нивната репрезентативност во исполнување на  вредностите на ЕУ  поради сопствените специфичности и  јавниот  интерес  како и нивно зајакнување во однос на државните институции. На седницата се разговараше и за чекорите кои ќе се преземаат од Комисијата  и кои ќе бидат здолжителни за сите членки на ЕУ, но и за сите кои водат предпристапни преговори за членство, меѓу кои и нашата држава.

За време на престојот во Брисел, делегацијата на Комората оствари работна средба со колегите од  Германија, претставувани од  Dr. Peter Engel, President of the German federal states’dental chambers  и  Florian Lemor, Director of German dental association, како и Joerg  Krainhoefner, Director of Austrian dental chamber. На средбите мошне несебично беа пренесени нивните искуства во работење на нивните комори,  како што и многу недвосмислено беше укажано за нивната заложба да помогнат во сите аспекти на понатамошното делување на нашата Комора, како во европски рамки, така и при изготвување на акти и документи поврзани со нашите барања  кон македонските власти и институции за постигнување на подобар статус на стоматолозите.  Исто така делегацијата оствари мошне корисна средба и со  Marco Landi, president of CED (Council of european dentist),  RA . Arno Metzler, President of DE group  and vicepresident of the EESC  и  Dilyana Slavova, President  of the EESC Section for external relations  за идните активности и заложби во рамките на  институции  на ЕУ околу можностите за остварувања на правата на македонските стоматолози во рамките на ЕУ и земјите кои припаѓаат на ЕУ.