Обнова на лиценца

Докторите на стоматологија (членовите на Стоматолошката комора на Македонија) кои се стекнале со лиценца за работа, имаат законска обврска, своите работни лиценци да ги обновуваат на седум години.

Обновувањето на работните лиценци се прави согласно член 129 од Законот за здравствена заштита и Правилникот за начинот на издавање, продолжување, обновување и одземање на лиценцата за работа и формата и содржината за обрасците за лиценцата за работа на здравствениот работник со високо образование од областа на стоматологијата.

Процедурата за обнова на лиценцата за работа, која треба да ја спроведат дипломираните стоматолози кои се стекнале со лиценца за работа е следната:

Докторот на стоматологија поднесува Барање за обновување на лиценцата за работа (ПРЕВЗЕМИ), во предвидениот рок кој започнува 6 месеци пред денот на истекот на важност на лиценцата, а завршува заклучно со денот на истекот на важност на лиценцата за работа.

  • Кон барањето се приложуваат следните документи:
  1. Доказ дека во периодот на важноста на лиценцата за работа се стекнал со соодветен број на бодови
  • вкупно 140 бода за седум години, односно по 20 бода за секоја година. Се доставуваат оригиналните сертификати на увид со напишано име и презиме на докторот, како и фотокопии од истите со видлив бар-код (да се внимава, на некои сертификати бар-кодот се наоѓа на задната страна).
  1. Доказ дека најмалку 60% од времето на важноста на лиценцата за работа во дејноста за која има лиценца за работа или во стоматолошка здравствена заштита.
  • Како доказ се доставува Преглед на пријави и одјави од задолжително социјално осигурување (погледни пример документ), кој може да се подигне од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија. Доколку во документот од АВРСМ, не е наведено на кое работно место е вработен докторот на стоматологија (последната колона на листот со назив “ Занимање на кое е вработен”), тогаш треба да се достави и Потврда од работа (ПРЕВЗЕМИ), во која ќе биде наведено работното место на докторот.
  1. Копија од важечката лиценца за работа
  2. Доказ за уплатени членарини (налог ПП 10 за годишна членарина)
  3. Уплатница во износ од 3200,00 денари за обновување на лиценцата за работа

(налог ПП 10 за обнова на лиценца)

 

 

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦАТА ЗА РАБОТА

 

 

Лиценцата за работа на докторот на стоматологија кој во периодот на важноста на лиценцата не ги исполнил условите за обновување на лиценцата, важењето на лиценцата може привремено да му се продолжи за период од шест месеци, ако во тој период успешно заврши дополнителна обука и проверка на стручни знаења и способности, согласно Правилникот за програмата за дополнителна обука и проверка на стручните знаења и способности на докторите на стоматологија.

Докторот на стоматологија поднесува Барање за продолжување на лиценцата за работа (ПРЕВЗЕМИ) и тоа во периодот кој започнува шест месеци пред истекот на рокот на важноста на лиценцата за работа и истекува со истекот на важноста на лиценцата за работа.

 

  • Кон барањето се приложуваат следните документи:
  1. образложение за причините поради кои бил спречен во рокот на важењето на лиценцата да ги исполни условите за обновување на лиценцата
  2. докази за причините наведени во образложението
  3. Доказ за уплатени членарини (налог ПП 10 за годишна членарина)
  4. уплатница во износ од 2600,00 денари за продолжување на лиценцата за работа

 

По приемот на барањето, од страна на Комисијата за стоматолошка етика и деонтологија, во период од 15 дена се врши проверка на уредноста на барањето и критериумите кои барателот не ги исполнува односно, во кој временски рок и дали може да ги исполни истите. Доколку Комисијата утврди дека постојат услови за продолжување на важноста на лиценцата за работа барањето со предлог за продолжување на лиценцата за работа ги доставува до Претседателот на Комората. Во овој случај се издава РЕШЕНИЕ за продолжување на лиценцата во времетраење од 6 месеци. Решението е замена на лиценцата – и во тој рок од 6 месеци, докторот на стоматологија, се задолжува да помине обука и проверка на стручните знаења, согласно Правилникот за програмата за дополнителна обука и проверка на стручните знаења и способности на докторите на стоматологија.

 

 

ОДЗЕМАЊЕ НА ЛИЦЕНЦАТА ЗА РАБОТА

 

Доколку докторите на стоматологија не поднесат документи за обновување односно продолжување на лиценцата за работа во предвидениот рок од 6 месеци пред истекот на важност на лиценцата, а кој рок завршува со истекот на важност на лиценцата, без разлика дали другите услови се исполнети, се издава РЕШЕНИЕ за привремено одземање на лиценцата за работа, во времетраење од 1 месец (што значи дека во тој период докторот по стоматологија нема да поседува документ за работа ). По истекот на овој рок од еден месец, докторот се стекнува со право да помине обука во времетраење од 30 дена во соодветната дејност (како доказ приложува пополнета стажантска книшка за помината обука) и да полага испит за проверка на стручни знаења согласно Правилникот за програмата за дополнителна обука и проверка на стручните знаења и способности на докторите на стоматологија.