ПРОМЕНА НА РАБОТНА ЛИЦЕНЦА

Докторот кој сака да изврши промена од еден во друг тип на работа лиценца  односно, промена од лиценца за вршење примарна стоматолошка здравствена заштита во работна лиценца од одредена стоматолошка специјалистичка дејност и обратно, треба да достави Барање за издавање на лиценца (ПРЕВЗЕМИ).

  • Кон барањето се приложуваат следните документи:
  1. Доказ за завршена специјализација односно супспецијализација, односно уверение за положен специјалистички испит (копија заверена на нотар) – само доколку докторот на стоматологија ја менува лиценцата од општа во специјалистичка
  2. Oригинал важечка лиценца (треба да ја врати постоечката лиценца бидејќи во исто време не може да поседува две лиценци)
  3. Доказ за државјанство на Република Северна Македонија
  4. Кратка биографија
  5. Уплатница во износ од 600,00 денари за промена на работна лиценца
  6. Уплата за членарини за времето на поседување на лиценцата која ја менува (налог ПП 10 за годишна членарина)

 

Докторот кој веќе еднаш направил промена на образецот од еден во друг тип на лиценца, за повторна промена на образецот (повторна промена на лиценцата) се задолжува да помине обука и проверка на знаењата во областа за која бара да се стекне со работна лиценца.

Симни документ