ОБУКА И ПРОВЕРКА НА ЗНАЕЊАТА

ДОПОЛНИТЕЛНА ОБУКА И ПРОВЕРКА НА ЗНАЕЊА

Доктор на стоматологија на кој привремено му е одземена лиценцата за работа, како и доктор на стоматологија на кој привремено му е продолжена лиценцата за работа, може повторно да се стекне со лиценца за работа ако успешно ја заврши програмата за дополнителна обука и проверка на стручните знаења и способности пред Испитна комисија, согласно одредбите од Правилникот за програмата за дополнителна обука и проверка на стручните знаења и способности на здравствените работници со високо образование од областа на стоматологијата, составот на испитната комисија и начинот на спроведување на проверката (Сл.весник на РМ бр.115/17 и 217/19).

По истекот на роковите утврдени со решението за продолжување односно одземање на лиценцата за работа, докторот на стоматологија поднесува БАРАЊЕ за обука и проверка на стручните знаења и способности (ПРЕВЗЕМИобразец бр.6).

  • Кон барањето се приложуваат следните документи:
  • Книшка за спроведена дополнителна обука во времетраење од 30 дена, во соодветната област (општа стоматологија или специјалност/супспецијалност) – образец бр.10;
  • Приказ на случај од стоматолошка пракса и
  • Доказ за извршена уплата за испитот за проверка на стручните знаења и способности во:

-износ од 10.500,00 денари доколку докторот се стекнал со предвидениот број на бодови од КСУ(140), но не го исполнил условот од најмалку 60% од времето на важноста на лиценцата да работи во дејноста за која има лиценца за работа или во стоматолошка здравствена заштита;

-износ од 25.000,00 денари доколку докторот го исполнил условот од најмалку 60% од времето на важноста на лиценцата да работи во дејноста за која има лиценца за работа или во стоматолошка здравствена заштита, но не се стекнал со предвидениот број на бодови од КСУ (вкупно 140 бодови);

-износ од 36.000,00 денари доколку докторот не исполнува ниту еден од условите за обновување на лиценцата за работа (бодови и стаж) или доколку докторот добил решение за привремено одземање на лиценцата за работа.

Согласно член 11, став 2 од ПРАВИЛИНИК ЗА ПРОГРАМАТА ЗА ДОПОЛНИТЕЛНА ОБУКА И ПРОВЕРКА НА СТРУЧНИТЕ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ СО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ОД ОБЛАСТА НА СТОМАТОЛОГИЈАТА, СОСТАВОТ НА ИСПИТНАТА КОМИСИЈА И НАЧИНОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОВЕРКАТА (Сл.Весник на РМ 115/17 и Сл.Весник на РСМ 217/19), писмениот дел од испитот се спроведува преку писмен метод на прашања со избор на точен/неточен одговор од предложените можни одговори (ПРЕВЗЕМИ- пример на тест).

По положувањето на испитот за проверка на знаења, докторот добива уверение за положен испит за проверка на знаења, со кое може да ја подигне лиценцата за работа, при што треба да достави:

  • Барање за обновување на лиценца за работа по спроведена дополнителна обука и проверка на стручни знаења и способности (ПРЕВЗЕМИобразец бр.8)
  • Уверение за успешно завршена дополнителна обука и проверка на стручни знаења и способности и
  • Доказ за извршена уплата во износ од 3200,00 денари за обновување на лиценцата за работа, по спроведена обука и проверка на стручните знаења и способности (пример за налог ПП10 за обнова на лиценца).

ВАЖНО!

Докторите на стоматологија на кои им била одземена лиценцата за работа во времетраење од 1 месец, мора да положат испит за проверка на стручните знаења и способности и да ја подигнат својата лиценца за работа најдоцна во рок од 2 (две) години од денот на издавањето на решението за продолжување односно одземање на лиценцата за работа. Доколку не ја подигнат лиценцата во овој рок, со Решение повторно ќе бидат задолжени да поминат обука во времетраење од 30 дена и да полагаат испит за проверка на стручните знаења и способности.