ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ И КОРИСТЕЊЕ КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Стоматолошка комора на Македонија (во понатамошниот текст СКМ) ви се заблагодарува на посетата на нашата веб страна или за вашата комуникација со нас преку е-пошта.

Со посетувањето на веб страната на СКМ, значи дека сте ја прочитале содржината на документот за Политика на приватност. Со разгледување и запознавање со нашата веб страна и оваа Политика на приватност, вие прифаќате и се согласувате со условите предвидени во истата.

Информациите кои на оваа веб страна се од јавен карактер, имаат за цел да информираат и се наменети за континуирано известување на членовите на Стоматолошката Комора на Македонија.

И покрај фактот што СКМ ги вложува сите напори за навремено ажурирање на сите информации на веб страната, како и за елиминирање на техничките и фактички грешки кои повремено може да се појават, СКМ прифаќа повратно укажување од страна на членовите на СКМ на некоја ненамерна или техничка грешка.

СКМ го задржува правото да изврши промени на содржината и реализацијата на овaa веб страна, како и да го суспендира или целосно да го прекине нејзиното функционирање во било кое време без претходно известување, иако тоа не ја претпоставува обврската периодично да се ажурира истата.

Перцепцијата за информациите содржани на веб страната може да зависи од повеќе фактори, вклучително научни, деловни, економски и финансиски. Со оглед на тоа, посетителот на оваа веб страна треба да биде свесен за ризиците поврзани со погрешно толкување и интерпретирање на содржаните информации. Посетителот се согласува дека пристапувањето и користењето на оваа веб страна, како и на било која друга веб страна, преку линкот содржан на оваа веб страна, вклучително и содржината, е на негов/нејзин сопствен ризик. СКМ и сите останати кои учествувале во создавањето, реализирањето и одржувањето на оваа веб страна и линкот содржан на оваа веб страна до посетителот, нема да се сметаат за одговорни за било каква директна, ненамерна, последична или  казнива штета која ви е нанесена вам, на вашата компјутерска опрема или на друг имот или пак на трета страна, заради пристапување, користење или неможност за користење на оваа веб страна или страна  која е поврзана со оваа веб страна.

Сите линкови до интернет сајтови на трети страни се обезбедени само заради олеснување на посетителите. СКМ во никој случај нема намера да изрази свое одобрување или друго мислење во врска со содржината на интернет страните на тие трети страни за кои се обезбедени линкови, ниту ќе се смета за одговорна за информациите кои се достапни за нив и за последиците од евентуалното нивно користење.

Сите заштитни знаци наведени на оваа веб страна се сопственост на СКМ.

Оваа веб страна, како и информациите кои се содржат или се наведени во неа се обезбедени само за информативни цели. Секакво репродуцирање, пренесување, копирање, умножување и користење на тие информации, слики, звучни информации презентирани на оваа веб страна, како и линковите до нив, е забрането без претходна писмена согласност на СКМ. Барање за користење на информации содржани на оваа веб страна треба да се достави до одговорните лица на СКМ и лицата наведени во службите на СКМ за контакт и пристап на информации.

Прибирање на податоци

Нашата веб страна може да ја користите без да ги откривате вашите лични податоци. Од вас не се бара да наведете лични податоци како услов за користење на нашата веб страна, освен кога е потребно за да ви доставиме информација која се однесува на Ваше барање. Кога ја користите нашата веб страна може да се прибираат податоци со цел да Ви се обезбедат информациите кои Вие ги барате. Овие податоци може да вклучуваат име на вашиот интернет сервис провајдер, веб страната која сте ја користеле за да се поврзете со нашата веб страна, веб страните кои ги посетувате од нашата веб страна и Вашата IP- адреса. Со овие податоци може да се дојде до Ваша идентификација, но ние не ги користиме за таа цел. Податоците не ги користиме за статистички цели, и ја запазуваме анонимноста на секој поединечен посетител, така што личноста не може да биде идентификувана. Во случаи кога личните податоци се доставуваат до други страни за да ви ги обезбедат услугите кои вие сте ги барале, или за цели за кои вие сте ги овластиле, ние се потпираме на технички средства за да обезбедиме дека се почитува апликативната безбедносна регулатива за заштита на лични податоци.

Прибирање и обработка на лични податоци

Личните податоци ги прибираме кога вие ќе ни ги доставите преку контакт формата единствено со цел да го обработиме Вашето барање, како дел од барање за услуги, прашања или барања за материјали што се потребни околу дејноста на СКМ и други слични ситуации во кои сте избрале да ни доставите информации. Базата на податоци и нејзината содржина остануваат во СКМ, во процесорите за податоци или сервери што се под наша контрола или под контрола на нашите партнери односно фирмата што ја обработува оваа веб страна а која со договор е обврзана на заштита на личните податоци до кои ќе има пристап (во понатамошниот текст “партнер”). Ниту СКМ, ниту партнерот нема да ги отстапат вашите лични податоци на трети страни во било каква форма, освен ако не добиеме ваша согласност или пак сме законски обврзани да го сториме тоа. Ние ќе ја преземеме контролата и одговорноста за користењето на личните податоци кои нам ни ги откривате.

СКМ нема да се смета за одговорен за било каков обид за хакирање со кој податоците би можеле да бидат компромитирани.

Цели на користење

Податоците кои ги прибираме ќе се користат само за да овозможат да ја користите веб страната и да ви се достават услугите што ги барате или за други цели за кои ја имаме вашата согласност, освен во случаи предвидени со закон.

Право на пристап и корекции

Вие имате право да ги ревидирате и дополните личните податоци кои се складирани во нашиот систем доколку сметате дека се застарени или неточни. Само испратете е-пошта на адресата дадена во импринтот.

Право на откажување

Вие имате право во секое време да ја повлечете вашата согласност за користење на вашите лични податоци во иднина. Исто како и за претходното, само испратете е-пошта на адресата дадена во импринтот, освен во случаи предвидени со закон, и во врска со ЈАВНИТЕ ОВЛАСТУВАЊА на СКМ и обврските кои ги имате согласно закон.

Задржување на податоци

Личните податоци ги задржуваме само онолку што е потребно за да ви испорачаме одговор на прашањата што сте ги побарале или за кои сме ја добиле вашата согласност, освен во случаи предвидени со закон.

Политика на користење на колачиња

СКМ ја цени вашата приватност. ние не прибираме податоци за вашето користење на оваа страна (директно и преку нашите партнери). Оваа алатка ќе ви помогне да разберете какви информации се прибираат и ќе ви овозможи контрола на тоа како се прибираат и користат, од страна на ВЕБ пребарувачот.

Што се колачиња?

Колачиња претставуваат мали фајлови со податоци кои се поставени на вашиот компјутер или мобилен телефон кога посетувате веб страна. Колачињата се многу користени од страна на интернет провајдерите со цел нивните веб страни да функционираат или за да функционираат поефикасно, како и за да обезбедат информации за извештаи.

Колачињата поставени од страна на сопственикот на веб страната или провајдерот на услуги (во овој случај СКМ) се нарекуваат ‘колачиња на првата страна’. Колачињата што се поставени од други страни, а не од сопственикот на веб страната се нарекуваат ‘ колачиња на трети страни’. Колачињата на трети страни овозможуваат да се обезбедат можностите или функционалноста на трета страна на или преку веб страната или сервисот што го користите (како на пр. рекламирање, интерактивна содржина и аналитика). Третите страни кои ги поставуваат овие колачиња на трети страни може да го препознаат вашиот компјутер и кога ја посетува веб страната или сервисот и  кога посетува одредени други страни и сервиси.

Зошто користиме колачиња и други технологии за следење?

Користиме колачиња на прва страна и колачиња на трета страна од неколку причини. Некои колачиња се потребни заради технички причини, за нашите веб страни и услуги да можат да функционираат, и нив ги сметаме за ‘суштински’ или ‘неопходни’ колачиња. Други колачиња ни овозможуваат нам и на трети страни со кои соработуваме да ги следиме и таргетираме интересите на посетителите на нашите веб страни, а нив ги нарекуваме колачиња за ‘перформанса’ или ‘функционалност’.

Каков вид на колачиња (cookies) користиме?

КолачеДоменОписВреметраењеТип
PHPSESSIDАпликации на доменОва колаче потекнува од PHP апликациите. Колачето се користи за зачувување и идентификување на уникатниот ID на сесијата на корисниците со цел управување со корисничката сесија на веб-страницата.Колачето е дел од колачиња за сесија и се брише кога сите прозорци на прелистувачот се затворени.Неопходно
PHPSESSIDskm.mkОва колаче доаѓа од PHP апликации. Колачето се користи за зачувување и идентификување на уникатниот ID на сесијата на корисниците со цел управување на корисничката сесија на веб-страницата.Колачето е колаче за сесии и се брише кога сите прозорци на прелистувачот се затворени.Неопходно

Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата(cookies)?

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема даработат правилно.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалности .

Како можам да ги контролирам колачињата?

Имате право да одлучите дали ќе ги прифатите или одбиете колачињата.

Website Cookie Preference Tool – Алатка за преферирани колачиња на веб страна Колачињата кои ги преферирате можете да ги одберете ако го посетите TRUSTe preference center со кликнување на следниот линк: http://preferences-mgr.truste.com/.

Browser Controls: Контрола на пребарувач. Можете да ги поставите или дополните контролите на вашиот веб пребарувач да прифаќа или одбива колачиња. Ако одберете да одбиете користење на колачиња, сеуште ќе можете да ги користите веб страните, иако пристапувањето до некои функционалности и делови од нашите веб страни може да биде ограничено. Начинот на кој можете да го одбиете користењето на колачиња преку контрола на веб пребарувач се разликува, затоа треба да побарате повеќе информации во менито за помош на пребарувачот.

Disabling Most Interest Based Advertising: Оневозможување на најголемиот дел од Рекламирање базирано на интерес.

Повеќето од рекламните мрежи ви овозможуваат начин да го откажете Рекламирањето базирано на интерес. За повеќе информации посетете ја веб страната http://www.aboutads.info/choices/ или http://www.youronlinechoices.com

Mobile Advertising: – Мобилно рекламирање. Можете да ги откажете идентификаторите за мобилно рекламирање кои се користат за некои видови на Рекламирање базирано на интерес, вклучително и оние кои ние ги користиме, преку пристапување до поставувањата (settings) на вашиот Apple или Android мобилен телефон и следење на најновите објавени инструкции. Ако ги откажете, ние ќе ги отстраниме сите податоци за вас и натаму нема да прибираме и следиме ваши податоци. Случајниот ID кој ние (или нашите партнери – трети страни) претходно сме ви го доделиле исто така ќе биде отстранет. Ова значи дека, доколку во иднина решите да се вклучите, нема да можеме и натаму да ве следиме преку истиот ID како претходно, и за сите практични цели, вие ќе бидете нов корисник во нашиот систем.

Колку често ќа ја ажурирате оваа Изјава за користење на колачиња?

Изјавата за користење на колачиња СКМ ќе ја ажурира повремено со цел истата да ги одразува промените при користење на колачиња кои се користат од оперативни, законски или регулаторни причини. Затоа ве молиме редовно да се навраќате на изјавата за користење на колачиња за да бидете информирани во врска со н користењето на колачињата и поврзаните технологии.

Датумот на крајот од изјавата  за користење на колачиња ја означува последната верзија.

Контакти

Сите прашања и рекламации во врска со вашите лични податоци треба да се достават во писмена форма до службите на СКМ.