ИЗВЕШТАЈ ОД СЕДНИЦАТА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЕКОНОМСКИ ПРАШАЊА (07.05.2014)

На својата прва седница одржана во новиот состав Комисијата за економски прашања се запозна со своите надлежности, цели и задачи согласно Статутот на Комората и го состави следниот план на активности:

– Согласно измените на Статутот на Комората комисијата добива мандат за договарање на групни попусти за членовите на Комората за производи и услуги од разни правни субјекти. Задолжени за преговори со правните субјекти се членовите на Комисијата, членовите на Извршниот одбор и претседателите на регионалните одбори. Временска рамка за првите резултати од преговорите е 23.05.2014. Попустите се однесуваат на производи и услуги од банките, дистрибутерите на возила, угостителски услуги, здравствени услуги и сл. На интернет страницата на Комората да бидат објавени фирмите со кои Комората склучила договори за обезбедување на попусти. Членовите на Комората при користењето на попустот да се идентификуваат со членските карти.

– Предлог за ревидирање на чланарината на Комората, солидарниот фонд и утврдување на критериуми за висината на солидарната помош доколку од чланарината се обезбедува фонд за солидарни цели,

– Идеи и предлози за ревидирање на правилникот за финансиско работење

– Разгледување на предлог за наплаќање на акредитацијата на континуираната едукација од стручните здруженија и утврдување на критериуми за акредитација.

– Разгледување на начинот за воведување санкции за непочитување на правилникот за минимални цени на стоматолошките услуги кои се наплаќаат приватно,

– Ревидирање на цените за рекламирање во гласилото на Комората и на нејзината интернет страница.

Претседател на Комисија за економски прашања

Д-р Ненад Ивановски