ЗАПИСНИК Комисија за развој на стоматолошкиот здравствен систем (09.05.2014)

Oд V-та седница на Комисијата за развој на стоматолошкиот здравствен систем на Стоматолошката комора на Македонија, одржана на ден 09.05.2014 година.
На седницата беа присутни: д-р Марија Андоновска – претседател, д-р проф. д-р Силвана Геиргиева, д-р Благоја Петров, д-р Зафер Сулејмани, д-р георгина Петрушевска, д-р Мирослав Велковски, д-р Гордана Филипова и д-р Предраг Серафимовски а отсутен беше д-р Ѓорѓи Тодороски со најавено оправдано отсуство. На седницата како претставник на Извршниот одбор беше присутен д-р Сабетим Черкези. Откако утврди кворум за одржување на седницата, претседателот на Комисијата, д-р Андоновска го предложи следниот:

Д   Н   Е   В   Е   Н        Р   Е   Д

1.    Конституирање на Комисијата за развој на стоматолошкиот здравствен систем.
2.    Информација од конститутивните седници на Собранието и Извршниот одбор на Комората.
3.    Запознавање со проблематиката на работата на Комисијата и планираните активности во наредниот период.
4.    Разно

Точка 1Дневниот ред за седницата беше едногласно усвоен.

Точка 2. Претседателката на Комисијата д-р Марија Андоновска ја започна седницата со предложување на двајца заменици на претседателот и двајца секретари на Комисијата. За заменици на претседателот едногласно беа избрани проф. д-р Силвана Георгиева и д-р Благоја Петров, а за секретари д-р Георгина Петрушевска и д-р Гордана Филипова. Претседателката д-р Андоновска ги информираше присутните дека поради важноста и сложеноста на проблематиката, предвидено е оваа Комисија да има поголема динамика на работата, со почести седници. Основната задача на Комисијата на која ќе треба да се концентрираат активностите е изработување на стратегија за развој на стоматологијата и затоа, според мислењето на претседателката членовите треба да ги поделат надлежностите по области.

Точка 3. Д-р Андоновска ги информираше присутните за досегашните активности на Комората, од почнувањето на мандатот на новиот состав досега. Целта на новото раководство е работата на Комората да биде транспарентна, со тоа што членовите ќе бидат редовно информирани за активностите на органите и телата преку интернет страницата. Новина во работењето е делегирање на членовите на Извршниот одбор во работата на секоја од комисиите и регионалните одбори како координатор без право на глас.  Целта е да се обезбеди поголема координација меѓу Извршниот одбор и телата на Комората и поголема транспарентност. Досега беа одржани две седници на Собранието на Комората, едната на која беше избран претседателот и една на која беа конституираните органите и телата. Беа направени измени и дополнувања на Статутот од оперативна природа, со цел да се подобри функционирањето на органите на Комората, беа избрани претседател на Собранието, што во предходниот состав не постоеше како функција и двајца заменици на претседателот на Собранието. Претседателите на комисиите се задолжуваат на секои два месеци да даваат извештаи за својата работа и план на активности за наредниот период. Со измени во Статутот Економската комисија добива мандат да обезбеди попуст на производи и услуги од разни правни субјекти за членовите на Стоматолошката комора. Првичните резултати од преговорите за попусти ќе ги имаме до 26.05.2014 год, истите ќе бидат објавени на интернет страницата. Направен е попис на основните средства на Комората, просториите на Комората сеуште не се во нејзина сопственост, направен е само преддоговор и не е исплатена целиот износ. Д-р Черкези предложи да се формира комисија која ќе ги разгледа документите од купениот деловен простор и да направи извештај и да даде предлози за најоптимално решавање на проблемот.   Извршниот одбор донесе одлука за финансиска и правна ревизија, ревизорскиот извештај е во завршна фаза, ангажиран на правен консултант на Комората кој за определн месечен надомест ќе ја решава тековната правна проблематика на Комората, ќе учествува во комисиите за стручен испит и проверка на знаења и покрај другото ќе дава бесплатни правни совети на членовите на Комората. Направени се корекции во дневниците на органите и телата на Коморатаобезбедени се телефонски броеви за претседателите на комисиите, воведување на ново работно време за стручната служба на Комората од 08 до 19 часот во две смени и секоја сабота од 08-14 часот. Формирана е работна група за редизајнирање на интернет страната, дополнување и збогатување со повеќе информации и содржини, редовно ажурирање на податоците, навремено постирање на новини, попусти, документи, отварање на посебна е-маил адреса на Комората за поставување прашања и давање одговори за потребите на членовите на Комората.

Точка 4. Комисијата го направи планот на активности до следната седница. Подолгорочните активности на Комисијата ќе бидат фокусирани на изработка на стратегија за развој на стоматолошката дејност. Проф. Георгиева предложи тоа да биде пократкорочна стратегија која ќе ги опфати следните 5 години. Предлозите и идеите членовите на комисијата да ги доставуваат кај д-р Гордана Филипова и д-р Георгина Петрушевска. Предлозите и идеите во врска со темата наведени во записниците од состаноците на регионалните одбори да се достават до членовите на Комисијата. Проф. Силвана Георгиева даде информација за воведување на курикулум за висока школа за орални хириеничари во рамки на Стоматолошкиот факултет при УКИМ. Целта е кадарот што ќе излезе од оваа школа да биде оспособен за работа во специјалистичка ординација, да обавува процедури кои опфаќаат подготовка за работа на специјалистот и да ја развива превенцијата со давање на упатства и препораки.

Претседател на Комисија за развој на стоматолошки здравствен систем

Д-р Марија Андоновска