ЗАПИСНИК Комисијата за стручен надзор (30.04.2014)

Од V-та седница на Комисијата за стручен надзор на Стоматолошката комора на Македонија.
На седницата беа присутни: проф. д-р Оливер Димитровски – претседател, проф. д-р Анета Атанасовска Стојановска и д-р Мефаиљ Суљејмани. Откако утврди кворум за одржување на седницата, претседателот на Комисијата, проф. Димитровски го предложи следниот:

Д   Н   Е   В   Е   Н        Р   Е   Д

1.    Конституирање на Комисијата за стручен надзор.
2.    Запознавање со проблематиката на работата, целите и задачите на Комисијата согласно Законот за здравствена заштита, Статутот и Правилникот за стручен надзор.
3.    Разно

Претседателот на Комисијата ги запозна членовите со проблематиката на работата на Комисијата согласно нејзините надлежности кои призлегуваат од Законот за здравствена заштита и Правилникот за стручен надзор. Проф. Атанасовска предложи правилникот да се преработи и дополни со прецизирање на постапката за стручен надзор по потреба. Ова поради специфичноста на проблематиката каде како засегната страна се јавува пациент. Комисијата заклучи дека редовниот стручен надзор за кој годишен план е веќе поднесен до Министерството за здравство не бил спроведуван од Комората поради тоа што од страна на Министерството досега не е одобрен буџет за истиот. Комисијата ги разгледа претставките од пациенти од последните три месеци. За претставките за кои е поминат рокот за спроведување на стручен надзор комисијата ќе добие насоки за постапување од службата од секторот за стоматологија при Министерството за здравство, една претставка беше одбиена бидејќи во меѓувреме пациентот ја добил протетската изработка кај друг стоматолог и не може да ги добави доказите. Комисијата донесе одлука за спроведување на стручен надзор по потреба по две претставки од пациенти кои беа закажани за 06.05.2014 од 11:00 ч. и 11:30 ч. и ги состави комисиите за секој од двата стручни надзори. По спроведениот надзор Комисијата ќе достави записник до стручната служба, а Комората во рок од 8 дена доставува извештај до Министерството за здравство.

Претседател на Комисија за стручен надзор

Проф. д-р Оливер Димитровски