Почитувани колеги,

– Членовите на Комората кои се упатени да ја спроведат постапката за проверка на знаење за повторно стекнување со лиценца за работа поради неисполнување на условот за работа од 60% во дејноста за која се стекнале со лиценца за работа по различен основ, но се стекнале со соодветен број бодови од континуирано стручно усовршување во периодот на важноста на лиценцата надоместуваат трошоци за испитот во износ од 10.500,00 денари, наместо досегашните 36.000,00 денари.

– Членовите на Комората кои не го исполнуваат условот со соодветен број бодови од континуирано стручно усовршување во периодот на важноста на лиценцата, а имаат доказ за работа од 60% во дејноста за која се стекнале со лиценца за работа, за испитот за проверка на стручните знаења надоместуваат трошоци во износ од 25.000,00 денари, наместо досегашните 36.000,00 денари.

– Членовите на Комората на кои лиценцата за работа им истекува за уште најмногу 36 месеци пред денот на исполнување на законски услови за старосна пензија, а во моментот на истекот на важечката лиценца за работа поседуваат доказ за работа од 60% во дејноста за која се стекнале со лиценца за работа, но не го исполнуваат условот за соодветен број бодови од континуирано стручно усовршување во периодот на важноста на лиценцата, за испитот за проверка на стручните знаењата се ослободени од плаќање на трошоците.

– Докторите специјалисти кои работат во општи ординации и општи доктори кои работат во специјалистички ординации, поради што го немаат исполнето законскиот услов за 60% работено во дејноста за која сте стекнале со лиценца за работа, а кои согласно Законот немаат право на обнова на постоечката лиценца за работа, а поднеле барање да ја обноват постоечката лиценца, се ослободени од плаќање на трошоците за постапката за полагање на испитот за проверка на стручните знаења.

Стоматолошка комора на Македонија

Претседател

Проф.д-р Владимир Поповски