Ги известуваме сите членови на Комората дека Министерството за здравство на Република Северна Македонија, даде согласност на измените што беа направени во два Правилника и тоа:

  1. Правилникот за начинот на издавање, продолжување, обновување и одземање на лиценцата за работа и формата и содржината на образецот на лиценцата за работа на здравствените работници од областа на стоматологијата („Службен весник на РМ“ бр. 62/2017) и
  2. Правилникот за програмата за дополнителна обука и проверка на стручните знаења и способности на здравствените работници со високо образование од областа на стоматологијата, составот на испитната комисија и начинот на спроведување на проверката („Службен весник на РМ“ бр. 115/2015)
  • Измената во првиот Правилник е во насока на имплементирање на законската измена настаната во Законот за здравствена заштита од јануари 2019 година, со која се предвидува можност дека, при обнова на лиценцата за работа најмалку 60% од времето на важност на лиценцата за работа може да биде поминато во дејноста за која докторот има лиценца за работа или во стоматолошка здравствена заштита.
  • Измената во вториот Правилник е во насока на намалување на роковите за привремено одземање на лиценцата за работа и дополнителната обука во случај на привремено одземање на лиценцата за работа, а особено на намалување на рокот на одземање на лиценцата за работа во случај на доцнење со поднесување на Барањето за обновување на лиценцата за работа, во кој случај времетраењето на одземањето е 1 (еден) месец и дополнителната обука е 1 (еден) месец.

Одобрените измени ќе бидат објавени во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

  1. Решение за согласност и дополување на Правилникот за издавање продолжување, обновување и одземање на лиценца
  2. Решение за согласност и Правилник за дополнителна обука и проверка на знаења