Планираниот, но поради службен  пат на претседателот на Комората одложениот состанок помеѓу раковотството на Комората и менаџерскиот тим на ФЗОМ на 26.11.2018 година се одржа на 05.12.2018 година. На состанокот присуствуваа: директорите на ФЗОМ Г. Данаил Ден Дончев, Г.Орхан Рамадани, директорот на Правниот сектор на ФЗО, Јасмина Смилевска , претставникот од инспекторатот на ФЗОМ Вера Митровка  и претседателот на Стоматолошка комора на Македонија, д-р Маријан Денковски, заменик – претседателот на СКМ, д-р Коста Изов  и Јасминка М.Јанева,  претставник од службата на Комората.

На работната средба меѓу претставниците на Фондот за здравствено осигурување и Стоматолошката комора на Македонија беше потврден претходниот договор  дека новите договори кои беа неприфатливи за СКМ и што беа понудени за потпишување помеѓу стоматолошките здравствени установи од примарно и од секундарно ниво со ФЗОМ  ќе се заменат со анекси на веќе постоечки договори за наредни  шест месеци . Исто така се договори дека  ќе се дефинираат  работни  групи  помеѓу претставниците – доктори по стоматологија од примарно и од секундарно  ниво на СКМ и ФЗОМ  кои во наредниот период од 6( шест) месеци  ќе разменат ставови по однос на спорните членови од  договорите за примарно и секундарно ниво по што по взаемно прифаќање на истите ќе се отпочне со потпишување на новите петгодишни договори  за стоматологијата.

На барањата  на Комората кои претходно се усогласија на состаноците со Лекарска комора , казнените одредби на ФЗОМ, нема да се применуваат сѐ до дефинирањето на новите договори и ќе се направи дистинкција меѓу видовите на казни, како и ќе се разгледа заложбата на коморите  казните да не се определуваат преку капитација , туку како норматив да е висината на просечниот личен приход во државата.

-Меѓу двете институции беше разговарано и за најгорливите проблеми  во стоматологија , пред сѐ за капитацијата , пакетот на услуги, висината на партиципацијата , но и за можностите на ФЗОМ за надминување на состојбите со стоматолошките ординации во предели каде поради иселување се во се потешка состојба  и сл.

Стоматолошка комора на Македонија