КАКО ДА СЕ АДАПТИРАТЕ НА ЖИВОТОТ

КОГА ПОСТОИ МОЖНОСТ ОД ЗАРАЗА ОД ВИРУСОТ

 

Колешки и колеги!

Доколку не сте сигурни дека може да обезбедите сигурност на пациентите и со тоа и на самите Вас и Вашите најблиски подобро не работите, зошто искуството и препораките од состанокот на нашите колеги во Комо , Ломбардија( Италија ) е дека и еден голем удел во пренесување на вирусот е преку стоматолошки интервенции во не-оптимални услови!

Препорака од регионалната федерација на лекарска и стоматолошка комора на Ломбардија

Комо 11/03/2020

„Регионалната федерација на лекарски и стоматолошки комори ја искажува својата висока загриженост за еволуцијата на епидемијата од новиот корона вирус.

Јавно објавените бројки на заразени лица се оние кои се потврдени со земен брис, но нé ја земаат  во предвид реалната распространетост на заразата, ниту ги земаат во предвид бројните случаи на интерстицијална пневмониа лекувани во домашни услови со што димензиите на феноменот за жал најверојатно се многу пошироки.

Работењето на медицински и стоматолошки персонал со несоодветни средства за лична заштита сигурно  придонесе за проширување на заразата и донесе многу неповолни последици по здравјето на самиот персонал.

Според сегашната ситуација, единствен разумен чекор е прекин  на сите професионални активности од неесенцијален карактер .„

 

Извор:   https://portale.fnomceo.it/comunicato-della-federazione-regionale-degli-ordini-dei-medici-chirurghi-e-degli-odontoiatri-della-lombardia/