13.03.2020

Претставниците на Стоматолошка комора на Македонија денеска остварија повеќе средби со претставници на Министерство за здравство , Фонд за здравствено осигурување , повеќе фирми кои увезуваат и продаваат средства за лична заштита и дезинфициенси.

Ссакаме да Ви ги пренесеме заклучоците и донесените одлуки кои се во наш заеднички интерес.

 

ПРОМЕНИ ВО РЕЖИМОТ НА РАБОТА ВО СТОМАТОЛОШКИ УСТАНОВИ ВО МРЕЖА

 

Денеска во просториите на ФЗО се договорени ВРЕМЕНИ , дополнителни  мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот  кои ќе важат на неопределено време додека траат сосотојбите наметнати од вирусот COVID – 19.

 Од понеделник , по усвојување на Управен Одбор на ФЗОРСМ и излегување во Службен Весник ќе има измени во работењето на Приватните здравствени установи и сите други здравствени установи  кои имаат договори со Фондот и работат во мрежа.

Измените кои се однесуваат на работењето на здравствените установи од општа стоматологија и специјалистичко – консултативна здравствена заштита се:

1.Поради спречување на ширење на вирусот СЕ ПРЕПОРАЧУВА на здравствените стоматолошки установи да пружаат здравствени услуги САМО ВО ИТНИ СЛУЧАИ.

2.Избраните стоматолози во периодот на траење на мерката НЕ ТРЕБА  да повикуваат осигурени лица на превентивни прегледи , а ќе се смета дека за овој период целите СЕ ИСПОЛНЕТИ.

3.Во периодот на важење на мерките , доколку здравствените установи од Специјалистичко консултативна стоматолошка здравствена заштита НЕ МОЖАТ  да ги пружат здравствените услуги на осигурени лица ВО РАМКИ на утврдениот месечен надоместок , неискористените средства МОЖЕ ДА ГИ ДОИСКОРИСТАТ и по завршување на мерките , односно до крајот на годината.

*последното се однесува пред се во случај мерките да прекинат во следните 30 -45 дена , а доколку продолжат оваа одредба ќе стане предмет на разговор помеѓу ФЗО и СКМ поради фактот што следниве 45 дена се покриени со фактури за предходниот период за кој ФЗО ќе врши исплати согласно фактурираното за тој период

4.При одсуство на избраниот стоматолог поради болест или изолација , здраствените услуги ги пружа стоматологот замена . Во случај кога во изолацијата се наоѓа и стоматологот замена , Фондот без ограничување ќе овозможи назначување на втор стоматолог , а по потреба и друга замена .

5.Исплатата на капитацијата за боледување до 30 дена се врши од страна на Фондот.

Во случај кога спреченоста за работа трае повеќе од 30 дена, стоматологот редовна замена може и по истекот на 30 дена да продолжи да пружа здравствени услуги на осигурените лица на стоматологот кој е на подолготрајно боледување. При тоа исплатата на капитацијата на стоматологот замена се врши во  износ од  70% од  капитација на лекарот кој е на боледување ( со обврска за  преземање на стоматолошката сестра)

6.Доколку во периодот додека трае времената мерка, стоматолошкиот  тим остане без сестра, а здравствената установа не може да го комплетира тимот, стоматологот здравствените услуги ги пружа без сестра,  за што Фондот продолжува да исплатува целосен надоместок за капитација.

  1. Измени по однос на нови боледувања и продолжувања на боледувања*

*побарајте појаснување од ФЗО ако имате такви ситуации

  1. Со цел да се намали физичката комуникација со Фондот, а во врска со процесот на фактурирање , нема обврска да се носи хартиена верзија на фактура во подрачните служби на Фондот.

 

Ве замолуваме доколку имате било какви прашања во врска со времените мерки , поставете прашање на нашиот маил  skm@skm.mk и во најскоро време ќе се потрудиме да Ви одговориме .

Исто така Ве молиме сите Ваши предлози , сугестии и рзмислувања да ни ги испратите  на маил skm@skm.mk  за да може да ги имаме во предвид кога се разговара со Фондот за измени , дополнувања и сл. на наведените мерки во моментот зависно и од одлуките на надлежните државни институции.

Со почит , Стоматолошка комора на Македонија