Стоматолошката комора на Македонија изразува искрено и длабоко сочувство до семјството,
пријателите и соработниците на д-р Снежана Витанова Алексовска, која почина на ден 01.04.2021
како последица на компликации предизвикани од SARS-CoV-2.
Д-р Витанова Алексовска е родена на 29.09.1958 година во Скопје каде завршила
средно медицинско училиште и Стоматолошки факултет.
Од 1988 година работи во Здравствен дом – Неготино како доктор по стоматологија,
а од 2006 година во ПЗУ Алексовски Два, како специјалист по стоматолошка протетика.