На 14.03.2022 година на иницијатива на министерот за здравство, д-р Беким Сали, се одржа проширен состанок, односно втора средба за анализа на проблемите на избраните лекари. На средбата која ја водеше министерот Сали присуствуваа и д-р Никола Грпчевски од кабинетот на министерот, претседателот на Лекарската комора на Северна Македонија, Проф.д-р. Калина Гривчева Старделова, претставниците на Стоматолошката комора на  Македонија, претседателот д-р Маријан Денковски  и претседателот на Собранието на Комората д-р Оливер Мансиев,  директорот на Секторот за финасии на ФЗОРСМ, Миле Сугарев, како и претставниците на матичните лекари предводени од д-р Лилија Чолакова Дервишова.

Состанокот се одвиваше со заедничка согласност дека сите страни партнерски ќе анализираат и изнаоѓаат соодветни и разумни решенија за предизивците со кои се соочуваат избраните лекари, во рамките на реалните можности. Од повеќето точки на дневниот ред на состанокот кој траеше неполни три часа, од интерес за стоматолозите, членовите на Стоматолошка комора на Македонија, би сакале да ги издвоиме и потенцираме следните усогласени заклучоци:

1.Ревизија и оптимизирање на политиката за стимулација на нови лекари, со посебен фокус на млади лекари кои основаат сопствени ПЗУ и/или региони во кои постои тешкотија за прикрепување доволен број пациенти заради демографски причини и за што анализа е во тек од страна на МЗ и ФЗОРСМ.

2.Ревидирање мрежа на здравствени установи со поставување на нов стандард и нова демографска  состојба согласно новиот попис.

3.Ревизија на капитациониот бод, со приоритет за ранлива категорија на избраните лекари, млади/нови лекари и/или региони во кои постои тешкотија за прикрепување доволен број пациенти заради демографски причини.

4.Стимулација за млади матичните стоматолози и матични стоматолози во  рурални средини по моделот на матичните лекари.

5.Решенија за зголемување на партиципација на примарно ниво.

6.Ревидирање на цените на здравствените на услуги, односно зголемување на партиципацијата  на секундарно ниво

7.Можност за основање ПЗУ без стоматолошки асистент за одреден период за нови матични  стоматолози.

8.Анализа на хрватски модел на финансирање на примарната здравствена заштита и изработка на студија со  симулација во наши услови

9.Конечно решение за пациенти на ПЗУ наместо на избран лекар

10.Доделување закуп на простор и опрема во Здравствен дом од страна на вработен лекар во истото ПЗУ во кое носителот оди во пензија (со услов минимум една година стаж во истата ординација?)

11. Креирање формула за трошоците на ПЗУ, по категории, со цел нејзина употреба во идни пресметки и формирање цени на услуги, капитационен бод, и стимулации/ субвенции

 

Општиот заклучок од сите присутни беше дека е итно потребна повторна средба по утврдување на ребалансот на буџетот, по што од сите  состанокот беше оценет за  конструктивен и продуктивен, но пред се, исто така сите се согласија дека примарна заложба на присутните, и оние кои се од нив претставувани, е исполнување на потребите и грижата за пациентите, без разлика на исходот и роковите на решавање на предизвиците.