• skm@skm.mk
  • Пон - Пет 8-16 ; Прием на странки од 10-15
  • Објавено на април 16, 2021

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИМУНИЗАЦИЈА НА СТОМАТОЛОШКИ ТИМОВИ СО СПИСОЦИ

Почитувани,

Во прилог на ова известување, се прикажани списоците на доктори на стоматологија и стоматолошки асистенти кои се пријавиле за вакцинација во перидот од 07.04.2021 до 15.04.2021. Ве известуваме дека во табелите се објавени само оние доктори и асистенти кои:

  • имаат важечки лиценци за работа од областа на стоматологијата (само за доктори на стоматологија)
  • немаат прележано Covid-19 во последните шест месеци
  • имаат испратено уредно пополнета табела за пријавување

Истовремено сакаме да Ве информираме за пристигнување на голем број табели со лажни и фалсификувани податоци за вакцинација на стоматолошките асистенти, како и пристигнување на податоци од неофицијални e-mail адреси на ординации и лица кои се претставуваат како стоматолошки асистенти и доктори на стоматологија. Поради ова стоматолошките асистенти кои се пријавиле за вакцинација во перидот од 07.04.2021 до 15.04.2021, задолжително треба да достават доказ дека работат во стоматолошка здравствена заштита како стоматолошки асистенти. (договор за вработување или М1/М2 образец). Рокот за доставување на доказот е вторник 20.04.2021 до 15:00 часот. Доколку во наведениот рок не се достават доказите, следува бришење од листата, за да може истата да биде доставена до Министерството за здравство.

*ова не се однесува за првите 9 лица во табелата за стоматолошки асистенти, за кои е утврдено дека е направена грешка од страна на Комората

  • Ги замолуваме докторите и асистентите чии имиња ги има во табелата, а веќе се вакцинирани да не известат на vakcinaskm@gmail.com.
  • Доколку сте се пријавиле за вакцинација во периодот до 15.04.2021, а Ве нема во табелата, да не известите на истата e-mail адреса vakcinaskm@gmail.com. ОВА НЕ СЕ ОДНЕСУВА НА ДОКТОРИТЕ И АСИСТЕНТИТЕ КОИ ДОБИЛЕ ТЕРМИН ЗА ВАКЦИНАЦИЈА, НО ПОРАДИ ОДРЕДЕНИ ПРИЧИНИ ГО ОТКАЖАЛЕ ИСТИОТ.

Поради тоа што од Министервтото за здравство е изјавено дека вакцинацијата на приоритетните групи е завршена, а во моментот не го знаеме ставот дали ќе може да се продолжи со добивање на термини преку Комората, сите заинтересирани членови на стоматолошките тимови кои сакаат да се вакцинираат, a не се пријавиле на vakcinaskm@gmail.com, ги советуваме и упатуваме да се пријават на страната за вакцинација на Министерството за здравство на Република Северна Македонија www.vakcinacija.mk. Не постои никаква пречка доколку сте пријавени и преку СКМ и преку страната на Министерството за здравство, нашиот став е дека од каде и да сте пријавени најважно е да бидете вакцинирани. Последново го нагласуваме и поради фактот што и на првото соопштение кога се објави пријавување за вакцинација преку СКМ ве информиравме со следново:

ЗА ПОДАТОЦИТЕ КОИ НЕ СЕ ИСПРАТЕНИ ВО УТВРДЕНИОТ РОК ДО 14.02.2021, КАКО И ПОДАТОЦИ КОИ НЕ СЕ ИСПРАТЕНИ ВО EXCEL ФОРМАТ ИЛИ НЕ СЕ КОМПЛЕТНО ПОПОЛНЕТИ, КОМОРАТА НЕМА ДА МОЖЕ ДА ПРЕВЗЕМЕ ОДГОВОРНОСТ ДЕКА ЌЕ ИМААТ ИСТ ТРЕТМАН ПРИ ОБРАБОТКА ОД СТРАНА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО И ДОБИВАЊЕ НА ТЕРМИН ЗА ИМУНИЗАЦИЈА !!!

-објава на www.skm.mk, на 09.02.2021 година

 

Со почит,

Стомаолошка комора на Македонија

 


ПДФ ДОКУМЕНТ (СИМНИ)

Јавете се

+389 2 3246 852

Порака

skm@skm.mk

Посетете не

ул. Балзакова бр. 32, Скопје

Банка

Комерцијална Банка 300000000477179

X