По поканата  на Европската Комисија за економија и социјала (EESC -European Economic anf Social Committee)   представниците на Комората учествуваа  на состанокот на комисијата , во Брисел ,на 26-27.11.2018  со тема „Ден на либерални професии„ ,  каде припаѓа и стоматолошката професија и каде што се разговараше за идните чекори околу раздвојување на здравствените професии од  другите професии во рамките на Европска унија .

Подоцна , во Скопје,  од 22-23.2019 година, представник на  Комората  учествуваше на сесијата на РСС -Регионалниот совет за соработка  , Извршното тело на ПСЈИЕ , каде се разговараше за взаемно признавање на дипломите на здравствените работници во земјите на Западен  Балкан,  но  најголемото  признание за Стоматолошката комора на Македонија пристигна деновиве  од Брисел, од   Европската Комисија за економија и социјала (EESC -European Economic anf Social Committee)  која испрати покана до председателот на Комората  Д-р Маријан Денковски , како единствен ппредставник од здравствените комори на Западен Балкан , да одржи презентација за значењето на стоматологијата како либерална професија во нашата држава и Западен Балкан , но и за соработката помеѓу  стоматолошките Комори во Западен Балкан   и да учествува на панел дискусијата на 7-от Форум за  цивилното општество на Западена Балкан ( 7th WESTERN BALKANS CIVIL SOCIETY FORUM ) , во Тирана ,од 15-16.04.2019, каде помеѓу другите се поканети и Ms Federica Mogherini, Mr Johannes Hahn, Mr Luca Jahier, Mr Arnold Metzler , Mr Gent Cakaj, Ms Majlinda Bregu , Dr Peter Engel итн .